Штедете и од дома со ОНЛАЈН депозитот на Халкбанк

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и преземените мерки кои подразбираат задолжителна заштита и одржување дистанца, ги уверија корисниците на банкарски услуги дека е многу полесно, наместо да се оди во банка и да се чека на шалтер, овие услуги да ги завршат електронски, од својот компјутер, лап топ или мобилен телефон.

shtedete-i-od-doma-so-onlajn-depozitot-na-halkbank-01.jpg

Клиентите на Халкбанк, покрај користење на другите услуги кои ги овозможува електронското банкарство, на овој начин можат и да штедат. За таа цел е креиран производот Онлајн депозит кој е наменет за физички лица, корисници на e-banking, со кој за отворање на депозит нема потреба да одите во некоја филијала и да склучите Договор туку едноставно, тоа може да се направи електронски, од било кое место и во било кое време. Потврдувањето и потпишувањето на Договорот се прави во електронска форма. Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит).

Отворање Онлајн депозит може да се направи преку Халкбанк мобилната апликација (најава со PIN  или биометриска авторизација) или најава на WEB (со корисничко име и OTP), каде со еден клик, во четири чекори, може да се стане штедач во Халкбанк.

Банката за овој производ нуди можност за орочување на средства на 6, 12 и 24 месеци, а подготви и атрактивни камати, кои се фиксни за периодот на орочување.

Рок на депозитот

   Годишни каматни стапки

  МКД

  ЕУР

6 месеци

  0,30%

  0,20%

12 месеци

  0,70%

  0,50%

24 месеци

  1,40%

  0,90%

 

Каматата на орочениот депозит се исплаќа на крај на периодот на орочување и главницата заедно со каматата се исплаќаат на денарската / девизната трансакциска сметка. Депозитот не се реорочува.

Кај Онлајн депозитот износот кој се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати. Во случај на предвремено раскинување на договорот, на депозитот се пресметува камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%. Предвремено раскинување на договорот и делумно повлекување не може да се изврши електронски од страна на клиентот, туку единствено во филијалите/експозитурите на Банката.

Заштити се и штеди онлајн.

Би можело да ве интересира:

Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Браво! 13-годишни деца од Радовиш собраа пари за да му помогнат на соученик со проблеми со говорот Пет деца од Радовиш напорно работеа за да соберат средства за да му обезбедат ло...
Браво хумани Македонци! Таткото на Кара потврди дека се собрани средствата за испитување во Барселон... „Од клиниката побараа 22.811 евра, пари кои ги собравме. Тие покриваат 14-дневен...
Врчак, Моника Црнокрак - Деца кои го наследиле талентот на познатите родители Александар Тарабунов тргна по стапките на својот татко, фолк-пејачот Ванчо Тараб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg