Студенти на ФИНКИ истражуваат: Колку луѓето знаат за одржлива мода и зелениот пристап кон ланецот на текстил?
- Детали
- понеделник, 18 мај 2020
Дали мислите дека сте општествено одговорни? Дали знаете што е одржлива мода? Доколку не, веројатно и одговорот на првото прашање е негативен.
фото: depositphotos.com
Трендот за одржлива или еколошка мода, зема замав во светот, но сепак уште многу луѓе не се свесни за ова.
За таа цел, студенти на ФИНКИ, решиле да направат истражување по предметот Медиуми и Комуникации, со цел да го испитаат јавниот став кон одржливата мода и зелениот пристап кон ланецот на текстил.
Тие спровеле анкета која претставува дел од студентска иницијатива за промовирање на совесното тексилно производство и потрошувачка како дел од циркуларната економија, наречена Одржлива Мода.
Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето:
1. 51.3% од испитаниците никогаш не слушнале за терминот "одржлива мода”.
2. 25.6% од испитаниците купуваат нови парчиња облека барем еднаш месечно, 43.6% на неколку месеци, 19.2% само по потреба а 11.5% многу ретко.
3. 65.4% од испитаниците најчесто пазарат од брендови на брза мода, 23.1% купуваат облека од локално производство, 9% купуваат дизајнерски брендови а само 2.5% купуваат половна облека.
4. 53.8% решаваат да се ослободат од старата облека кога е видливо износена и оштетена, 41% кога ќе престане да им се допаѓа/ќе излезе од мода и 5.2% кога ќе им се смали.
5. 20.5% ја фрлаат старата облека, 48.7% ја подаруваат на помлади членови од семејството, 52.6% ја донираат во добротворни цели додека 21.8 ја чуваат за во иднина.
6. 80.8% од испитаниците носат или носеле облека подарена од други лица.
7. 39.7% се изјаснија дека никогаш не би купиле половна облека наспроти 60.3% кои би купиле.
8. 25.6% се изјаснија дека не би купиле облека направена од рециклирани материјали.
9. 69.2% од испитаниците би платиле повисока цена за одржливо парче облека, 26.9% се против оваа идеја, додека 3.9% немаат оформено мислење на темата.