Продавниците на Fashion Group ги отворија своите врати за купувачите
- Детали
- петок, 15 мај 2020
Продавниците на сите брендови на Fashion Group низ земјава од денес се и официјално повторно отворени.
Со разлабавувањето на мерките за заштита од корона вирусот и отворањето на трговските центри, продавниците на Fashion Group соодветно подготвени и опремени ги очекуваат купувачите.
За да се овозможи безбедна посета и пазарување во продавниците на Fashion Group, групацијата ќе ги потсетува купувачите на најважните мерки за нивна заштита, како и на персоналот во продавниците:
- Задолжително носење на заштитни маски
- Дезинфекција на рацете
- При кашлање или кивање покривање на устата со марамче или лактот од раката
- Одржување на безбедно растојание од 2м
Пробувањето на облеката ќе биде забрането, па сите купувачи се охрабруваат да ги пробаат купените производи во удобноста на својот дом, а доколку е потребно ќе им биде извршена замена на парчињата.