Предлогот на Филипче прифатен - Викендов скратен полициски час
- Детали
- петок, 08 мај 2020
Владата го прифати предлогот на министерот за здравство Венко Филпче. Викендов, почнувајќи од утре, граѓаните ќе можат да се движат од 05 до 19 часот.
Во продолжение официјалното соопштение од владата:
На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.
Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.
На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд. Почнувајќи од...
Posted by Oliver Spasovski on Friday, May 8, 2020