Додека некои во Македонија бесат верверички, други им даваат млеко (фото)
- Детали
- четврток, 07 мај 2020
Емотивна фотографија направена во Скопје со верверчика што пие млеко од шприц ни е позитивa на денот.
И додека некои луѓе прават грозоморни работи како бесење на верверички, други спасуваат животи и ги ранат.
„Некој монструм ќе беси верверички во Соње, а некои дечки со големо срце ќе спасуваат. Малово бонбонче двајца прекрасни момци го најдоа на Средно Водно, паднало од високо дрво и се повредило.
Не го оставиле, го земаа и ми го дадоа и сега се дружи со уште три поголеми другарчиња кои ги најдоа во Влае.
Го викаме Сречко, на моменти и Сугаре, зошто е најмалечко и со цела сила се бори да се вклопи и трчка со другите вервери“, напиша Тина Мицковска, портпарол на ЗОО Скопје.
Некој монструм ќе беси верверички во Соње, а некои дечки со големо срце ќе спасуваат. Малово бонбонче двајца прекрасни...
Posted by Tina Mickovska on Thursday, May 7, 2020
С. С. | Црнобело