Омилените млечни производи на вашиот праг
- Детали
- четврток, 07 мај 2020
Млекото и млечните производи се храна која навистина нè придружува низ животот. Тие се неопходни состојки на многу утрински или вечерни оброци, но и во бројни слатки, сосови и супи. Веќе и стандарден додаток на кафето. Може да се каже дека нема оброк на кој не може да се додаде млечен производ.
Млекото и млечните производи нè врзуваат со најраното детство, а многумина што ја искусиле, сеуште се носталгични кон традицијата на достава на овие производи до прагот на нивниот дом.
Иако оваа традиција исчезна од пејзажот во шеесетите години на минатиот век, денес возбудата околу испораката на млеко и млечни производи на прагот е повторно актуелна и жива.
Потрошувачите ја почитуваат практичноста, непосредноста и безбедноста на оваа достава, а благодарение на Лакталис МК, се чини дека оваа традиција прави голем кам-бек.
Имено, Лакталис МК започна со испорака на млеко и млечни производи до домовите на купувачите, па сите љубители на Алпско, Президент, Идеал Шипка и Дукат можат во кое било време од денот да нарачаат млеко, јогурт, кисело млеко, павлака, сирење, кашкавал, путер, намази или топено сирење и да уживаат во своите оброци секој ден.
„Бидејќи новата ситуација налага нови пристапи, а новите рестрикции ги менуваат потребите и навиките на потрошуваите, можноста да бидеме поблиску до нашите купувачи преку он-лајн продавница е есенцијална. Сега сите љубители на нашите млечни производи имаат дополнителна можност за безбедно пазарување од дома, но и бесконтактни и безбедни достави до нивните домови“ - изјавуваат од Лакталис МК.
Дополнително, за првите стотина купувачи што ќе нарачаат производи преку новата он-лајн продавница следи и примерок од активистичко списание „Лице в Лице“, како поддршка кон нивните продавачи на кои продажбата на ова списание им е важна алатка за социјално и економско зајакнување.
Традицијата на достава на млеко до прагот на домаќинствата, според многумина ја изгубила својата важност со глобализацијата и новите пристапи. Но, очигледно е дека со новите околности таа вреди да се негува, да и се додава нова важност, да се креираат нови спомени врзани за најубавите искуства во семејството, оброците, храната и споделувањето љубов околу трпезата.