Туна Сејдиу згодна во бикини, се забавува на плажа во Албанија со синовите
- Детали
- вторник, 23 јули 2024
„Го истражувам југот на Албанија со моите момчиња“, напиша Туна Сејдиу на Инстаграм до фотките од семејниот одмор.
Откако пејачката Туна Сејдиу изминатите години ги носеше синовите на летување на интересни и егзотични дестинации, па беа во Дубаи, Занзибар, Анталија, сега одмораат во Албанија.
Пејачката објави неколку фотки од плажа во Албанија на кои се забавува со своите деца, Тиан и Зен.
„Го истражувам југот на Албанија со моите момчиња“, напиша таа на Инстаграм.
Пејачката доби бројни комплименти дека изгледа секси во бикини.
Туна неодамна наполни 39 години и во последниов период поактивно ѝ се врати на музиката, па промовираше и нова песна, но има и повеќе настапи во регионот.
Повеќе фотографии од одморот на пејачката:
А. Ј. | Црнобело