Во кој период од денот ќе биде дозволено движење за време на првомајскиот продолжен викенд?
- Детали
- вторник, 28 април 2020
Какво ќе биде ограничувањето на движење за време на првомајскиот викенд? Конечно, викендот нема да биде целосно затворен, но сепак граѓаните треба да ги почитуваат останатите мерки за заштита.
фото: depositphotos.com
Во продолжение официјално соопштение од Владата:
На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.
За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.
Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.
На денешната седница на Влада донесовме одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата...
Posted by Oliver Spasovski on Tuesday, April 28, 2020