Известување за предвремена исплата на пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 24 - ти април (петок).

izvestuvanje-za-predvremena-isplata-na-penzii-01.jpg

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 24 - ти до 26 - ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27 – ми април, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 - ми до 30 – ти април е креиран  согласно висината на пензијата и тоа:  

- На 27.04.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари

- На 28.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари

- На 29.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари

- На 30.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

Со цел заштита на здравјето, од Банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препораките се подигнувањето на средствата да се врши на банкомат.

Банката апелира и понатаму да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, чекањето ред да биде на обележаните места и да се држи растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg