На децата не можеме да им одговориме утре - нивното име е денес
- Детали
- среда, 22 април 2020
Федерацијата на училишен спорт на Македонија е една од најмасовните спортски организации која постои од 1964 година која постепено се зацврстува и шири сè повеќе со над 200 активни училишни спортски клубови во сите градови, здружени во над 30 општински сојузи на училишен спорт.
Нашата главна мисија е што повеќе ученици од основните и средните училишта да се вклучат во спорт и спортски активности како би имале нови генерации младина која е психо-физички здрава и мотивирана.
Неодамна, поттикнати од Светската Федерација на училишен спорт (ISF) ФУСМ се придружи и започна кампања за вежбање дома. Професори и тренери од сите градови од државата се придружија и снимаат видеа со вежби кои може сите да ги правиме дома заедно со нашите деца. На наше огромно задоволство во кампањата „Да бидеме активни – вежбај дома“ учествуваат и ученици и млади спортисти кои се мотивирани и се подготвуваат за државни првенства и покрај новонастанатата ситуација и неможност да се вратат во спортските сали.
Светската здравствена организација постојано дава препораки да бидеме физички активни, особено сега кога се соочуваме со пандемија. Физичката активност може да биде многу убава и забавна, како за децата, така и за возрасните. Освен насоки и вежби кои може да се разликуваат во секој спорт, важно е да нагласиме дека физичка активност е и пешачењето, возење велосипед, танцувањето, па и чистењето на домот и градинарство. Секој од нас може да ја пронајде најдобрата физичка активност која е во склад со потребите на телото.
Кои се бенефитите на физичката активност?
- помага во развој и одржување на моториката (сила, брзина, издржливост, координација, рамнотежа, прецизност и др.);
- ги зацврснува коските и зглобовите;
- го забавува стареењето;
- го подобрува имунитетот;
- го подобрува изгледот на кожата;
- ја намалува психичката тензија;
- помага во справување со стрес, анксиозност и депресија;
- помага во превенција од развој на деменција;
- целокупно подобрување на психо-физичкото здравје;
- ја зголемува самодовербата;
- го намалува крвниот притисок;
- помага во одржување на оптимална телесна тежина;
- го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабет;
- го поддржува правилниот развој кај децата и придонесува за намален ризик од деформитети и болести во иднина;
- ја подобрува когнитивната функција кај децата, како на пример помнењето, и тие имаат подобри училишни резултати.
Секако, постојат уште многу други бенефити од физичката активност кои веруваме дека секој од нас ги знае и затоа е значајно да бидеме активни постојано, а најмногу во овие тешки моменти за целиот свет.
Ве повикуваме сите да се придружите на кампањата на ФУСМ и да бидеме активни иако сме дома. Да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на другите. Но, најмногу од сè, да се грижиме за здравјето на нашите деца.
Доколку сакате да се снимите како вежбате во домашни услови и да мотивирате некој друг, можете да ни испратите видео во порака на нашите Фејзбук или Инстаграм профили, како и на нашата официјална е –маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
,,Можеби сме виновни за многу грешки и пропусти, но наш најголем злочин е што сме ги занемариле децата кои се основа на животот. Многу работи кои ни се потребни можат да чекаат. Децата не можат да чекаат. Во овој момент ним им се формираат коските, крвта, им се развива мозокот.
Ним не можеме да им одговориме УТРЕ. Нивното име е ДЕНЕС!" - Габриела Мистрал, СЗО, 1948 година
Учењето може да почека, но здравјето не, а родителите и професорите се најдобриот пример за децата да научат како да се грижат за себе!
Марија Лазаревска 11г. од Куманово, вицешампион на државно првенство во гимнастика во Македонија тренира и се подготвува за следното првенство во време на Корона. Браво Марија! #ДАБИДЕМЕАКТИВНИ #фусм #сакамспорт #гимнастика #училишенспорт #ФУСМпредизвик #ISFStayActive #ilovesport
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Friday, April 17, 2020
ДА БИДЕМЕ АКТИВНИ ФУСМ ПРЕДИЗВИК ВЕЖБАЈ ДОМАПрофесорката Миланка Живковиќ Цветкоска од Кичево заедно со своите дечиња се придружи во кампањата на ФУСМ. Да бидеме активни иако сме дома! #ДАБИДЕМЕАКТИВНИ #вежбајдома #сакамспорт #спорт #ФУСМпредизвик #ФУСМ #седидома #седисидома #бидиактивен #ISFStayActive
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Monday, April 13, 2020
ДА БИДЕМЕ АКТИВНИ ФУСМ ПРЕДИЗВИК ВЕЖБАЈ ДОМА!Професор Елеонора Атанасова заедно со нејзината ќерка Валентина денес ќе ни покажат неколку вежби кои сите можеме да ги правиме дома. Да бидеме активни и да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на другите! Чувајте се! #ДАБИДЕМЕАКТИВНИ #вежбајдома #сакамспорт #спорт #ФУСМпредизвик #ФУСМ #седидома #седисидома #бидиактивен
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Saturday, April 11, 2020
ДА БИДЕМЕ АКТИВНИ И ДОМАКога желбата за спортување е поголема од било која! Идеи како да го поминете викендов! Бидете активни, вежбајте дома! #ДАБИДЕМЕАКТИВНИ #вежбајдома #сакамспорт #спорт #ФУСМпредизвик #ФУСМ #седидома #седисидома #бидиактивен
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Saturday, April 11, 2020
ДА БИДЕМЕ АКТИВНИ ФУСМ ПРЕДИЗВИК ВЕЖБАЈ ДОМА МАРИОДенес ни испратија голем поздрав од ОУ,, Пере Тошев " од с.Трстеник- Росоман од вредениот ученик Марио Милев. Чест ни е да покажеме дека и од дома можеме да вежбаме за да бидеме во здраво тело и здрав дух. Ученици, професори, родители и поддржувачи на спортот ве повикуваме да се придружите на кампањата на ФУСМ и да се грижите за Вашето здравје и за здравјето на другите! #бидиактивен #вежбајдома #сакамспорт #спорт #сакамспорт #спортскидух #ФУСМпредизвик #седидома #училишенспорт #ученици #физичкообразование #едукација
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Friday, April 10, 2020
ДА БИДЕМЕ АКТИВНИ ФУСМ ПРЕДИЗВИКВо кампањата на ФУСМ се придружи и нашиот Милан Колев, наставник по физичко образование во ООУ ,,Страшо Пинџур" од Кавадарци, заедно со своите дечиња Ристе и Елена. Придружите ни се и вие од вашиот дом и заедно да се грижиме за нашето здравје. Да бидеме активни иако сме дома! #бидиактивен #ФУСМпредизвик #физичкообразование #спорт #седисидома #седидома #вежбајдома #ISFStayActive
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Thursday, April 9, 2020
Во овие тешки моменти за целиот свет, ФУСМ се придружи во кампањата #ISFStayActive за заедно да се грижиме за нашето здравје и за здравјето на другите. За таа цел Никола и Теона снимија едно кратко видео со вежби кои сите можеме да ги правиме дома. Придружите ни се и вие од вашиот дом и заедно да учествуваме во овој предизвик. http://fusmak.org.mk/2020/04/05/%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%b2%d0%b5%d0%b6%d0%b1%d0%b0%d1%98-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0/ . #бидиактивен #сакамспорт #ФУСМ #ФУСМпредизвик #stayactive #ilovesport #седидома #седисидома #вежбајдома
Posted by Федерација на училишен спорт на Македонија on Sunday, April 5, 2020
Кога ќе се соединат образованието, спортот и децата се добива најмоќното оружје кое може да го промени светот
Учениците од ООУ Страшо Пинџур од с.Мало Коњари, Прилеп со една убава порака за сите нас!
Facebook: https://www.facebook.com/fusmak/
Instagram: https://www.instagram.com/school_sport_federation_mk/