ПроКредит Банка: Комплетна дигитализација на банкарските услуги во услови на пандемија е најбезбеден начин на работа

Како лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии ПроКредит Банка уште во 2015 година овозможи автоматизирана услуга за готовински операции преку Зона 24/7 и инвестираше во развој на поголем број дигитални услуги, поради тоа веќе години наназад, безготовинските и готовинските платежни трансакции се 100% дигитализирани, со што се минимизира потребата за физичко присуство на клиентите во банката.

prokredit-banka-digitalizacija-na-bankarskite-uslugi-vo-uslovi-na-pandemija-e-najbezbeden-nachin-na-rabota-01.jpg

Неочекуваната пандемија немаше влијание врз тековната работа на експозитурите во ПроКредит Банка. Најголемиот дел од клиентите на банката веќе одамна самостојно ги вршат своите банкарски транскации преку е-банкарство директно од нивниот дом или канцеларија.

“Во оваа вонредна состојба ние влеговме подготвени со напредни дигитални опции за клиентите кои им овозможуваат лесен, брз и безбеден начин сами да управуваат со своите сметки од удобноста на својот дом, без чекање во редови и дополнително загрозување на нивното и здравјето на нивните најблиски. Преку дигиталните платформи на банката клиентите може електронски да потпишуваат договори, да отвораат трансакциска сметка, да дополнуваат и повлекуваат пари од штедните сметки, да орочуваат нови депозити, како и да процесираат секаков тип на плаќање во земјата и странство. Со овие дигитални услуги, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии или финансиите на својата компанија.” – изјави Марина Ѓурѓовска, Директор за Сектор физички лица и мрежа на експозитури

prokredit-banka-digitalizacija-na-bankarskite-uslugi-vo-uslovi-na-pandemija-e-najbezbeden-nachin-na-rabota-02.jpg

Во овој вонреден период се забележува раст на користењето онлајн услуги во сите дејности, па така и во банките. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики на клиентите ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење. ПроКредит Банка како единствената дигитална банка на пазарот е во предност бидејќи и досега одлично функционира во дигиталниот свет на услуги.

На линкот подолу погледнете ги сите дигитални услуги кои Ви стојат на располагање во ПроКредит Банка - Дигитална услуга

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg