За најинспиративниoт бриф, гратис креатива!

Кликер Маркетинг подготви интересен конкурс, кој треба да им помогне и да ги охрабри компаниите во реализацијата на идните планирани кампањи.

za-najkreatvniot-brif-gratis-kreativa-01.jpg

Токму затоа ги повикува сите заинтересирани компании да ги стартуваат подзаборавените генијални идеи.

“Моменталната ситуација, која не затече сите, не’ натера брзо да се прилагодиме на околностите и да размислиме како може да помогнеме. Јасно ни е дека маркетинг активностите на многу компании се одложени, но сметаме дека сега е вистинскиот момент да се подготват идните кампањи. Затоа и ги предизвикуваме и им нудиме уникатна можност да добијат бесплатен дизајн за нивната следна кампања” - појаснуваат од Кликер Маркетинг.

Доколку имате нов производ подготвен за исклучително графичко решение, или пак имате потреба од нова online или offline кампања за постоечките производи и услуги, или пак можеби имате потреба од редизајн на Вашата интернет страница со подобрени функционалности, тогаш подгответе во/го Вашиот креативен бриф и испратете ни го на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Она што треба да го направите е : да се претставите, да кажете кој е рокот до кога треба креативата да биде комплетно готова, како и да го наведете рокот за имплементација на проектот.

Единствениот услов за учество на конкурсот е проектот со кој ќе се аплицира да биде реазлизиран до крајот на 2020 година.

Креативниот бриф треба да се испрати најдоцна до 25 април 2020 (до 12 часот) на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Компанијата со најинспиративниот креативен бриф, ќе добие одговор најдоцна до 30 април 2020, а за сите останати компании Кликер Маркетинг ќе најде дополнителни начини и услови за реaлизација.

Би можело да ве интересира:

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Се слави свети Ѓорѓи – Се јавува како витез за да им помогне на оние што го слават Во ноември и декември има две куќни слави посветени на великомаченикот Георгиј. ...
Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ со добротворна инцијатива: „Да испратиме 15 семејства на од... Ви се обраќаме во името на здружението на граѓани „КУЌА НА СРЕЌАТА“, со надеж де...
Герасимовски: Општина Центар ја украси општината, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера Општина Центар го заврши новогодишното украсување. Годинава општината е украсена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg