ЛИБЕРТИ Стил Групацијата назначи глобален лидерски тим и независни членови на одборот на директори

liberti-siti-grupacijata-nazhnachi-globalen-liderski-tim-i-nezavini-chlenovi-na-odborot-na-direktori-01.png

  • Ново формираниот одбор на директори, со кој претседава Санџив Гупта, ќе ја надгледува стратегијата и инвестициите, со непосреден фокус на справување со ситуацијата со КОВИД-19
  • Ветеранот во индустријата, Роланд Јунк, се приклучува на ЛИБЕРТИ како претседател и привремен извршен директор на ЛИБЕРТИ Стил Велика Британија и европските бизниси
  • Назначени се независни неизвршни директори во одборот на ЛИБЕРТИ Стил Групацијата кои носат надворешна експертиза и управување
  • Грег Џонс од ИнфраБилд бизнисот на ЛИБЕРТИ е назначен за извршен директор на ЛИБЕРТИ Стил САД, за надгледување на деловната трансформација

ЛИБЕРТИ Стил Групацијата денес најави формирање на нов одбор на директори со тоа што завршува и со консолидација на глобалните бизниси. Одборот ќе ја надгледува стратегијата и инвестициите на групата, вклучително и целта на ЛИБЕРТИ Стил Групацијата да стане јаглеродно неутрална компанија до 2030 година.

Со групацијата, со седиште во Лондон, ќе претседава Санџив Гупта, со директори назначени од семејството на компании на ГФГ Алијансата и пошироко, со назначени независни неизвршни директори, внесувајќи надворешна експертиза во групата.

Непосредниот фокус на одборот ќе биде да се справи со економската ситуација предизвикана од кризата со КОВИД-19 и да обезбеди бизнисот да е добро подготвен за закрепнување, кога ќе дојде време.

Извршниот претседател, Санџив Гупта, изјави: „Ова е важен чекор кога воедно ја комплетираме консолидацијата на челичните бизниси на ГФГ Алијансата во ЛИБЕРТИ Стил Групацијата. Горд сум на раководниот тим што го составивме, кој вклучува некои од најискусните имиња во глобалната индустрија за метали. Непосреден фокус на одборот на ЛИБЕРТИ Стил Групацијата ќе биде справувањето со импактот од КОВИД-19 врз нашите вработени, процеси и клиенти, и овозможување групата да биде добро подготвена за враќање во нормала.“

Главен оперативен директор на ЛИБЕРТИ Стил Групацијата ќе биде Арнo де Верт, кој до неодамна беше главен извршен директор на АЛВАНС Алуминиум. Главниот финансиски директор на групата останува В Ашок, кој се придружи на ЛИБЕРТИ Стил во 2019 година.

Два регионални претседатели ќе вршат надзор над меѓународните операции. Надзор над Австралија и Соединетите држави ќе врши Даксеш Пател, кој ќе продолжи со својата паралелна улога како главен извршен директор на ИнфраБилд во Австралија.

Во меѓувреме, Роланд Јунк, високо искусен профил во челичната индустрија, ќе ги надгледува ЛИБЕРТИ Стил во Велика Британија и континентална Европа. Некои од претходните позиции на г-дин Јунк се извршен директор на АрцелорМиттал и претседател на Бритиш Стил.

ЛИБЕРТИ Стил Групацијата исто така назначува двајца независни неизвршни директори кои ќе работат на најдобрите меѓународни практики за корпоративно управување. Австралискиот бизнисмен и ветеран од челична индустрија Реј Хорсбург АМ ќе се приклучи на одборот како независен неизвршен директор заедно со Пол Струијк, специјалист за природни ресурси и рударство, со огромно глобално искуство.

Санџив Гупта изјави:

„Јас сум задоволен што Дак Пател се согласи да преземе дополнителни одговорности надвор од неговата успешна улога како главен извршен директор на ИнфраБилд. И со задоволство му посакуваме добредојде на Роланд Јунк, профил од челичната индустрија со огромно искуство чиј увид и експертиза ќе бидат непроценливи. Заедно со нашите новоименувани независни неизвршни директори, Реј Хорсбург и Пол Струијк, имаме исклучително талентиран одбор што ќе помогне да го придвижиме напред нашиот бизнис “.

Одборот во целост ќе се состои од:

- Санџив Гупта, извршен претседател и извршен директор, ЛИБЕРТИ Стил Група

- В Ашок, главен финансиски директор, ЛИБЕРТИ Стил Група

- Арно де Верт, главен оперативен директор, ЛИБЕРТИ Стил Група

- Роланд Јункк, претседател и привремен извршен директор, ЛИБЕРТИ Стил Европа и Велика Британија

- Дак Пател, претседател, ЛИБЕРТИ Стил Австралија и САД

- Реј Хорсбург, независен неизвршен директор

- Пол Струијк, независен неизвршен директор

Биографии се достапни на: LIBERTY Steel Group Board

Како дел од новата управувачка структура, Грег Џонс е назначен за извршен директор на ЛИБЕРТИ Стил САД. Грег веќе 13 години е со ЛИБЕРТИ Стил и неговите претходници во Австралија работејќи на сениорски позиции во финансии и комерција, неодамна како управен директор за InfraBuild Wire каде што ги надгледуваше одличните деловни резултати. Грег ќе се пресели во САД со семејството за да ја заземе позицијата.

Консолидираната ЛИБЕРТИ Стил Групација ќе биде инкорпорирана во Сингапур и ќе има финансиска година на крајот на 31 март 2020 година за да се овозможи нејзиниот прв сет на консолидирани сметки да ги одразува нормализираните перформанси, со оглед на кризата со КОВИД-19. Бејкер Тили Интернешнл се назначени како ревизори на ЛИБЕРТИ Стил Групацијата.

Новоформираната ЛИБЕРТИ Стил Групација сега е осма најголема челична група, не вклучувајќи ја Кина, во која се вработени 30.000 луѓе со операции низ Велика Британија, Европа, САД и Австралија.

Би можело да ве интересира:

Струмичанецот Марјан Петров беше поканет на Модната недела во Париз: „Ме разочара Ирина Шајк“ „На Модната недела во Париз имав можност да се запознаам со светски познати моде...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Живеам во Стојаково - Првомајските трки со коњи, магариња и рачни колички се главен настан секоја го... Зошто да го посетите Стојаково токму на први мај? Зашто тогаш улиците се преполн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg