Филип Морис донира медицинска опрема во вредност од 110.000 евра за Клиниката за инфективни болести во Скопје

Општествено одговорните компании постојано се обидуваат да дадат некаков придонес за моменталната ситуација во Македонија, а таква е и Филип Морис, која донираше опрема за Клиниката за инфективни болести, во вредност од 110.000 евра.

filip-moris-donira-medicinska-oprema-vo-vrednost-od-110-000-evra-za-klinikata-za-infektivni-bolesti-vo-skopje-01.jpg

Во време на пандемија, кризата се чувствува секаде, но одговорните компании се подготвени да покажат солидарност кон заедницата.

Филип Морис, како глобална компанија, има развиено силно чувство на солидарност и целосно ги поддржуваат и ги признаваат огромните напори на Владата, но осoбено на медицинскиот персонал во Македонија во нивната борба против пандемијата предизвикана од COVID-19.

За таа цел, како што секогаш оваа компанија поддржувала вредни проекти значајни за општествениот развој, така и овој пат Филип Морис ТКП преку донација обезбеди вредна медицинска опрема (ЕКГ апарати, механички вентилатор, дефибрилатори, инфузиомати, монитори за инвазивно мерење притисок на пациенти, хируршки аспиратори, итн.) во вкупна вредност од 110 илјади евра.

Оваа опрема ќе биде дистрибуирана оваа недела и е наменета за користење од страна на медицинскиот персонал при Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg