Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За бизнисите во криза - Изработка на бесплатни веб страни за онлајн продажба

На малите и средните претпријатија, чиј бизнис е во криза заради моменталната состојба, а има потенцијал да ја поткрене работата на ниво на онлајн продажба, тимот на Webpigment им овозможува изработка на бесплатна веб-страна за таа цел.

za-biznisite-koi-se-vo-kriza-a-imaat-potencijal-besplatna-izrabotka-na-veb-strana-za-onlajn-prodazhba-01.jpg

Многу компании од различни индустрии се погодени од кризата заради пандемијата на корона вирусот, голем дел од нив се целосно затворени, а други некако успеваат да се одржат.

Но, дефинитивно, бизнисите кои можат да продолжат со работа преку онлајн продажба, ќе се снајдат добро во овој период и ќе можат да ја надминат кризата.

Сепак, оние кои навреме не го имплементирале ова, сега се соочуваат со тешкотии, но за среќа, има и такви компании кои сакаат да им помогнат на оние кои се засегнати од овој проблем.

Тимот Webpigment се огласи дека сака да помогне и да изработи бесплатно 5 веб-страни за онлајн продажба, преку јавен повик, кој е наменет за мали и средни претпријатија кои се погодени од кризата.

„Инспирирани од глобалните промени, нашиот главен мотив зад идејата е да дадеме свој удел во задржување на работните места и поддршка на малите и средни бизниси во овие моменти кога се најмногу погодени.“ – стои во описот на јавниот повик.

Рокот за аплицирање е до петок 10.04.2020, а формата за апликација може да ја најдете ТУКА.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Маја Кикириткова: „Ќерка ми (5) сама си пострижала прамен, косата ќе ја донираме за онколошки пациен... „Девојчето вчера завршило работа, само се ишишало. Косата сега ќе мора да ја пот...
Македонски и регионални јавни личности кои биле жртви на булинг Ивона Јо, Александра Пријовиќ, Лука Модриќ денес се познати личности со многу фа...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg