Маја Кикириткова: „Ќерка ми (5) сама си пострижала прамен, косата ќе ја донираме за онколошки пациенти“
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
„Девојчето вчера завршило работа, само се ишишало. Косата сега ќе мора да ја потстрижиме. За 5 години колку што има Ева, косата само еднаш ѝ беше потстрижана“, вели Маја Кикириткова, но ѝ сподели каков хуман потег ќе направат со малата Ева.
Модната креаторка и инфлуенсерка, Маја Кикириткова, откри дека косата од нејзината 5-годишна ќерка Ева ќе ја донира за изработка на перика за онколошки пациенти.
Маја објави видео во кое го покажа процесот на кратење на косата на ќеркичката, но и раскажа што довело до тоа да ја потстрижат сега, една година порано од што планирале.
Маја вели дека идејата отсекогаш била косата на Ева да се донира, бидејќи е долга, густа и здрава, односно соодветна за правење перики.
Но, Ева пред неколку дена зела ножици и самата си пресекла прамен од косата.
Бидејќи Ева скратила поголем дел само од едната страна, Маја побара помош од своите следбеници за да најде некој што ќе сака да ја земе косата за од неа да направи перика.
„Девојчето вчера завршило работа, само се ишишало. Косата сега ќе мора да ја потстрижиме. За 5 години колку што има Ева, косата само еднаш ѝ беше потстрижана.
Сакавме да ја донираме пред да тргне на училиште, отприлика за година и половина.
Ѝ објаснив како нејзината коса ќе ја носат девојчиња кои немаат коса. Ѝ кажав дека таа е суперхерој.
Утре ја праќам косата за изработка перика за онколошки пациенти“ - пишува Маја во видеото.
Маја косата ќе ја донира кај Сашка Кузманова од Кавадарци, која години наназад изработува перики и им помага на онколошките пациенти кои останале без коса.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело