Во тек е изградба на „Мобилна воена болница“ - АДИНГ учествува со донација на материјали и стручен тим
- Детали
- недела, 29 март 2020
Заради итноста на ситуацијата, на вонредна седница на УО на АДИНГ одржана на 27. март, донесена е одлука за донација на комплетна изведба на хидроизолациона заштита на објектот „Мобилна воена болница“ на Министерството за Здравство.
Изведбениот стручен тим на АДИНГ е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.
Известуваме дека на 25. Март АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба“ кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“.
Со оваа промена ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19. Исто така, со ова искажуваме поддршка на вработените во јавните служби, кои се на првата линија на фронтот во борбата со COVID-19.