Моќни видеа: Скопје за време на полициски час - празни улици и паркови
- Детали
- недела, 29 март 2020
Моќни видеа во кои може да се забележат улиците, парковите, плоштадите и паркинзите низ Скопје испразнети - само така може да помогнеме побрзо да дојдат среќни времиња.
Само заеднички може да успееме да се избориме во битката против корона вирусот и да спречиме ширење така што ќе ги почитуваме мерките, а очигледно во Скопје сериозно се сфаќа ситуацијата.
За време на викенд во 16 часот започнува полициски час, а овие видеа кои вирално се шират на социјалните мрежи покажуваат дека граѓаните се држат до правилата.
Скопје стана како останатите светски градови кои се испразнија, но иако изгледаат тажно, сепак се надеваме деква ова ќе помогне за општото добро и дека наскоро повторно ќе заблескаат.
Да ја оставиме планетата Земја да одмори, да останеме дома и што побрзо да дојдат подобри времиња, а луѓето да си ја научат лекцијата.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





