Скопјани доброволно се нудат да ги шетаат милениците на старите и болни лица кои живеат сами
- Детали
- четврток, 26 март 2020
Доколку познавате старо или болно лице кое живее само, а има домашно милениче – споделете ја оваа вест за млади граѓани кои ја нудат својата помош.
Ситуацијата со корона вирусот, почитувањето на мерките за заштита и ограничување на движење создава проблем на луѓето кои живеат сами, а имаат миленици кои не можа да ги прошетаат.
Но, хуманоста на македонскиот народ и младината се покажа на дело – скопјанец доброволно се понуди да им помогне на лицата кои се стари или болни и е ризично да излегуваат од дома, а притоа живеат сами и немаат како да ги прошетаат милениците.
Сепак, и покрај доброто дело, уште поважно е овие лица да бидат исклучително внвимателни за време на прошетката, како и за време на „примо-предавањата“ на милениците, со што целосно ќе се избегне близок контакт со другите лица и сопствениците.
Сопствениците на миленици е важно потоа да ги исперат каивчињата и да ги исчистат шепите. Се надеваме дека ќе ги имаат предвид сите препораки.
На својот Фејсбук профил, Антонио објави статус кој гласи:
Доколку познавате некое старо/изнемоштено/хронично болно лице коешто живее само, а притоа има домашно милениче коешто треба да се прошета еднаш, двапати, трипати неделно, а истото не може да го прави тоа поради ситуацијава во која моментално сме, а има потреба од човек што би го направил тоа наместо нив, јас и неколку мои другари „умираме“ од досада такашто би го правеле тоа, СЕ РАЗБИРА БЕЗ потреба на паричен надоместок. Секое утро од 9 часот до 21 часот – 074222221 (Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар, Карпош).
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





