А1 - Заедно сме со вас - 10GB мобилен интернет и дополнителни бесплатни TВ канали, за сите
- Детали
- недела, 15 март 2020
Скопје, 15.03.2020г. – Соочени со предизвикот кој е пред сите нас поради состојбата со COVID–19, А1 Македонија во знак на поддршка на сите свои корисници, со цел да го исполни со содржини секојдневието, кое е многу поразлично од она на кое сме навикнати, овозможува:
- дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници
- 7 филмски и детски ТВ канали, достапни бесплатно за сите корисници на телевизиските услуги
Kорисниците ќе можат да го активираат мобилниот интернет преку апликацијата Мојот А1, која можат да ја преземат од Play Store или App Store доколку сè уште ја немаат инсталирано. Постпејд корисниците имаат можност доделениот интернет да го користат 30 дена од денот на активирањето, додека припејд корисниците 7 дена. Интернетот е достапен преку мобилната мрежа на А1 Македонија и може да се активира до 31.03.2020.
Сите наши телевизиски корисници до крајот на месец март ќе можат бесплатно да ги гледаат најдобрите филмски ТВ канали: CinestarTV Premiere 1 и CinestarTV Premiere 2, како и детските ТВ канали Nickelodeon, Nickelodeon Jr, Cartoon Network, Boomerang и Baby TV.
А1 Македонија како компанија која го поттикнува дигиталниот начин на живеење, им овозможува на своите корисници непречено управување со сите телекомуникациски услуги преку дигитални платформи: Mојот A1, електронска сметка, електронско надополнување на кредит за припејд, 24/7 часа online поддршка и нашите профили на социјалните мрежи.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
#ЗаедноСмесоВас