Атлантик Група поставува стандарди како општествено одговорна компанија

Како што темата за зачувување на животната средина наидува на се’ поголема популарност, во нашата земја се зголемува свеста за екологија, одржливост и зачувување на природата, како и за севкупната општествена одговорност.

atlantik-grupa-postavuva-standardi-kako-opshtestveno-odgovorna-kompanija-01.JPG

Помеѓу двигателите на овој тренд се домашните компании, од кои се очекува да бидат морални и етички примери за останатите, а токму таква е Атлантик Група– компанија која своите високи еколошки и општествено одговорни стандарди ги наметнува на целата производна индустрија.

Атлантик Група покажува високо ниво на општествена одговорност во сите аспекти од работењето. Најпрво, према општеството, во кое ги промовира вистинските вредности и постојано одвојува дел од профитот за да и’ врати на заедницата во која функционира. Потоа, према вработените, кои имаат пристап до интерни програми за поттикнување на едукацијата и развојот, со цел тие да напредуваат во своите кариери. И последно, но не и помалку важно, кон околината – делувајќи локално, но размислувајќи глобално за ефектот кој ќе го донесат промените за одржување на здрава и чиста животна средина.

Како дел од пошироката заедница во која функционира, Атлантик Група е свесна за значајноста и потребата од сопственото влијание во подобрување на општествените услови, промовирајќи вистински вредности и финално вложување на средства назад кон заедницата. Одржливото управување со животната средина се заснова на добро осмислена и економична употреба на природните ресурси, употреба на еколошки технологии и намалување на отпадот, со изнаоѓање на најдобри решенија за рециклирање. Целта е секоја година да се намалува вкупната количина на отпад, така што во 2019 година ние ја намаливме количината на отпад за околу 20%, споредено со претходната година.“, вели Перица Вичишки, Директор на Атлантик Група Скопје.

atlantik-grupa-postavuva-standardi-kako-opshtestveno-odgovorna-kompanija-02.jpg

Покрај имлементирање на највисоките интернационални стандарди за безбедност и производство, Атлантик Група продолжи да презема мерки за рециклирање на амбалажите од хартија и пластика преку мрежата на „Пакомак“, друштвото за собирање и одложување на амбалажен отпад.

Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак традиционално ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Во досегашното работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија преку 50.000 тони амбалажен отпад, којшто се состои од хартија, пластика, стакло, композит, метал и дрво, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

atlantik-grupa-postavuva-standardi-kako-opshtestveno-odgovorna-kompanija-03.jpg

Постојано се предупредува за опасностите од глобалното затоплување и климатските промени, а токму општествената одговорност се гледа како одговор не само за намалување на штетите, туку и за нивна превенција. Поради тоа, Атлантик Група се надева дека ќе постави пример и за другите компании од регионот, со цел да ја подигне свеста за рециклирањето, одржливоста и грижата за околината. Благодарение на мрежата на Пакомак, Атлантик Група успешно го одложува амбалажниот отпад и создава услови за посакуваната зелена иднина.

Би можело да ве интересира:

ПАКОМАК нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територи... Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градск...
Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, пр... Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, ту...
Долги нозе и извајано тело - Лара Иванова во црни бикини ја затвори летната сезона Пејачката Лара Иванова, која имаше работно лето со многу настапи, средината на о...
ДНК собраа 690.000 денари од лицитацијата на Златната Бубамара за лекување на Леонид „Митрески Кирче од Охрид за 250.000 денари ја доби статуетката од Златна Бубамар...
Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Што е TEMU и зошто се крена толку голема прашина за неговото влегување на пазарот во Македонија? Ниски цени, голем избор на најразлични производи, дополнителни купони и можности...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg