Баладите за клавир го доведоа Влатко Иљачев до титулата Ново Име
- Детали
- понеделник, 02 март 2020
Неговиот талент е пеењето и пишувањето балади за клавир. Тој е Влатко Иљачев и е второ Ново Име во Македонија!!
Имено, овој 27-годишник е победник на вториот циклус во склоп на проектот Ново Име, кој го реализираат компаниите АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ, а подразбира можност за младите таленти да и ги претстават на јавноста, а со победа и да ги унапредат своите знаења и вештини.
Откако Сандра Туфеска, од Демир Хисар, со својот талент за цртање ја освои титулата на првото Ново Име во Македонија, Влатко верува дека овој пат токму неговиот глас се избори за најмногу гласови од публиката на платформата novoime.mk.
„Мислам дека сум Ново Име бидејќи луѓето чувствуваат нешто кога ќе го слушнат мојот глас и моите песни. Главен фокус во пеењето ми се емоциите, бидејќи мојот глас е тоа што најмногу ги допира луѓето кога ме слушаат. Мојот сон е да го усовршам мојот глас и да имам светска музичка кариера“, наведе победникот на вториот круг на проектот Ново Име.
Овој млад уметник од Богданци се надева дека ќе има шанса да ги сними сите 52 песни кои ги напишал, како и можност да ги изведува пред публика. Сега, благодарејќи на поддршката на компаниите АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ, тој е на чекор од остварување на својот сон.
„Поддршката би сакал да ја искористам за снимање на своите песни и да остварам турнеја низ цела Македонија“,појасни Влатко.
Сега кога го прогласивме победникот на вториот круг на проектот Ново Име, на онлајн платформата novoime.mk започна испраќањето на пријавите за третиот циклус, па до 15. март сите кои сакаат да се обидат имаат можност тоа и да го сторат. Потсетуваме и на тоа дека сите оние кои не победиле во претходните два круга, можат повторно да се пријават, но потребно е да ја испочитуваат целата процедура на пријавување.
На споменатата платформа воедно можете и да гласате за својот фаворит, по принцип „еден човек, еден глас“ (во нашиот случај „срце“). И да, може да се гласа исклучиво од територијата на Македонија.Откако апсолвиравме уште еднаш, останува да потсетиме дека проектот Ново Име е во потполност реализиран од страна на компаниите АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ, членки на групацијата Novomatic. Во прашање е можност за сите млади од 16 до 30 години кои живеат на територија на Македонија да добијат шанса да го унапредат својот талент со поддршка во износ до 2.500 евра.