Интервју со Јованка Ивановска, Одговорно лице за организација на свадби во Скопје Мериот хотел

Свадбата е момент што не трпи импровизации и грешки, затоа е потребно да се довери на професионалци

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-01.JPG

Одреден е датумот за свадбата и следно е да се одбере локација, бенд, мени и да се започне со деталните организациски активности. Младите парови најчесто се растргнати меѓу тоа што сакаат и тоа што им се наметнува како традиција, и често се наоѓаат збунети и под стрес околу најважниот ден во нивните животи, наместо да уживаат во моментот. Со цел олеснување на целиот овој сегмент, Скопје Мериот хотел организира Bridal коктел, и по тој повод разговаравме со Јованка Ивановска, Одговорно лице за организација на свадби во Скопје Мериот хотел, и ни даде интересни совети за организација на совршената свадба, на што да се внимава и како овој ден да остане во најубавите спомени и за младенците и за гостите.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-02.JPG

Прашање: Оваа година по трет пат, го организиравте Bridal коктелот во Претседателскиот апартман каде присуствуваа двојки кои планираат свадба. Каков беше интересот, каква е потребата од ваков настан и какви се Вашите импресии?

За овој настан, секогаш се бара место повеќе, но поради лимитираниот капацитет во Претседателскиот апартман, само одреден број парови имаат можност да присуствуваат. Тоа најавтентично говори за интересот и воедно за потребата од ваков настан. Bridal коктелот не е обична презентација, туку директно запознавање со нашата понуда, каде одблиску може да се видат и опипаат можностите како би можела да изгледа една свадба од соништата. Присуството на овие презентации им помага на младите парови при изборот на менито, преку вкусување различни деликатеси, како и за информации за дополнителните активности што може да ја збогатат нивната свадбена прослава. Тимот на Мериот ги споделува можностите и опциите за организација на ваков тип настан, искуства и сугестии што може да помогнат во реализација на идеите и желбите за овој посебен ден.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-03.JPG

Прашање: Зошто Скопје Мериот треба да е број еден избор на идните младенци?

Скопје Мериот хотел се наоѓа во срцето на градот што е од исклучителна важност за пристапноста на гостите и младенците. Локацијата, амбиентот во ентериерот, како и околината на хотелот, даваат можност за совршена фотосесија. Низ објективот може да се дополни и збогати приказната на секој пар преку стилизираниот дизајнерски концепт. Дополнително на располагање е специјално осветлување што може да биде по избор и соодветно да ја обои свеченоста, што на секоја свадба и дава специфичен белег и автентичност. Претседателскиот апартман кој е на располагање за првата брачна ноќ нуди прекрасна глетка на градот што секако дава една посебна нота во целиот свадбен момент.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-04.JPG

Прашање: Што ни нуди Скопје Мериот, во исполнување на замислите за совршената свадба?

Пред сè, хотелот има врвен професионален тим кој максимално се ангажира во реализација на свадбени прослави. Тоа се луѓе кои имаат долгогодишни работни искуства во делот на угостителството и менаџмент на настани. Свадбата е момент што не трпи импровизации и грешки. Сè треба да биде совршено точно, навремено и квалитетно организирано и реализирано. Не постои поправен момент. А токму за тоа, покрај професионалците што ги предводат паровите во секој чекор при организација, располагаме и со просторни, гастрономски и дополнителни содржини и буквално сечија желба може да стане реалност. Уште од иницијалниот контакт, ништо не препуштаме на случајот и не дозволуваме да има недефинирани ситуации.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-05.JPG

Прашање: Од 1 до 5, што е најважното што треба да се знае и да се има предвид кога се започнува со организација на свадба?

Се започнува од желбата, треба да се знае што точно се бара и што може да се постигне во целокупната организација. Да има одлична, отворена координација меѓу тимот и младенците, и секако практични совети со кои на младенците ќе им се олеснат многу од одлуките. Потоа, да се одреди терминот за свадба и да се координира со терминот на музиката која е дел од веселбата. Тоа е некој логичен ред на организациските активности. Многу важен момент е изборот на свадбеното мени, каква храна и пијалак да се одбере. Секој од нас си го познава личниот вкус, но, кога треба да се направи избор за повеќе луѓе, најдобро е се да биде балансирано. Изборот на декорација во хармонија со осветлувањето. Треба да постои и совршена координација на сите закуски кои се служат во комбинација со одредени пијалаци. Временски да не се поклопуваат закажаните активности на денот на свадбата. Во рамките на нашиот хотел, младите имаат можност регистрацијата да ја направат во фоајето на хотелот. Најважно од сè, да се препуштат младенците во рацете на професионален тим, чија улога е да ги води сите активности, а тие самите да уживаат и да бидат гости на својата свадба.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-06.JPG

Прашање: Како изгледаше најуникатната свадба што сте ја организирале?

Секоја свадбена веселба е приказна сама по себе. Сите се интересни на свој начин, почнувајќи од моментот на регистрација, преку самата веселба, изборот на музика и други дополнителни моменти кои даваат посебен белег и се вредни за паметење. За уникатноста на свадбата најмногу придонесува личниот печат на младенците, тоа колку се тие опуштени и весели, таква атмосфера и ќе создадат, а тоа го паметат и нивните гости.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-08.JPG

Прашање: Која е тајната на совршениот свадбен ден во Скопје Мериот?

Тука не постојат тајни. Потребно е само да се внесе добра енергија и љубов во она што се работи и да се искористат сите капацитети кои ги нуди Скопје Мериот околу реализацијата на свадбена веселба.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-09.JPG

Прашање: Три најбитни препораки.

Бидете свои во одлуките каде да го организирате најважниот ден во вашите животи.

Следете ги вашите соништа и не дозволувате да исполнувате нечии желби за вашата свадба од соништата.

Додадете во вашите албуми фотографии од незаборавните моменти од амбиентот на Скопје Мериот хотел.

intervju-so-jovanka-ivanovska-odgovorno-lice-za-organizacija-na-svadbi-vo-skopje-meriot-hotel-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg