Нов станбен кредит од Халкбанк – најниска каматна стапка од само 3.2% фиксна 10 години

За да одговори на зголемените барања на граѓаните за обезбедување сопствен дом или паметно вложување на своите средства, Халкбанк креираше нов производ - Станбен кредит со животно осигурување што нуди во моментов најповолни услови на пазарот – фиксна каматна стапка од 3,2 односно 3,3%, во зависност од производот, за период од 10 години.

nov-stanben-kredit-od-halkbank-najniska-kamatna-stapka-od-samo-3.2-fiksna-10-godini-01.JPG

Новиот производ наменет за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери, може да се користи за купување стан, куќа или деловен простор, како и за рефинансирање изложеност во други банки по основ на станбен кредит. Временскиот рок на отплата е до 30 години и за новиот производ е ниска стапката на вкупни трошоци, а дополнително нема трошоци за проценка и за одобрување, како ни надомест за ликвидација на кредитот од сопствени средства. Кредитот е со намалено учество од 10%, а за овој производ банката нуди и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со животно осигурување на Халкбанк е обезбеден со полиса за животно осигурување со што се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство. Халкбанк е лиценциран застапник за продавање на полиси за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, а полисата се плаќа еднократно пред исплата на одобрените средства.

„Во барање нов стан клучна улога имаат два фактори – дали ви се допаѓа како изгледа некој стан, неговата локација и секако буџетот, односно како да се обезбедат потребните средства за негово купување. Токму затоа, во време кога расте интересот на граѓаните за решавање на едно од најважните животни прашања – обезбедување сопствен дом, ние во Халкбанк решивме да понудиме станбен кредит со најповолни услови на пазарот – со ниска каматна стапка од 3,2% фиксна за период од 10 години. Со новиот производ веруваме дека граѓаните добиваат можност да го купат она што најмногу им се допаѓа по најповолни услови, вели Омер Абдиу, од дирекцијата за односи со јавност во Халкбанк АД Скопје.

Максималниот износ за новиот кредитен производ е 200.000 евра, а клиентите добиваат можност и за грејс период од 12 месеци.

За сите заинтересирани кои купуваат недвижност во тек на градба, Халкбанк има развиена соработка со бројни, реномирани градежни компании од земјава.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg