Промовиран нов парфем на AVON - „Her story“
- Детали
- вторник, 18 февруари 2020
На самиот праг од 2020-та година AVON и официјално стана дел од семејството на Natura & Co., креирајќи ја четвртата по големина козметичка групација во светот. Со лансирањето на мирисот Her Story отвора ново, силно поглавје во својата историја на постоење и борба за добросостојбата на жените.
Скопје, 18.02.2020: Приказната на компанијата AVON која брои веќе 134 години, оваа година се проширува и надградува со трансакцијата која на 3-ти јануари годинава го означи создавањето на четвртата по големина козметичка куќа во светски рамки.
Имено, компанијата AVON стана дел од семејството на холдингот Natura & Co, составен од уште 3 други брендови познати во светски рамки: бразилската компанија Natura, англиската The Body Shop и австралиската Aesop, што претставува голем исчекор во градењето на групација која ќе функционира со повисока цел и со поинаков начин на делување.
Официјално, акциите на Natura &Co започнаа да се тргуваат на берзата во Њујорк (NYSE) на 6-ти јануари оваа година.
Комбинацијата на Avon, Natura, The Body Shop и Aesop значително го засилува досегот на мулти- каналната и мулти-бренд групација која ќе биде неприкосновен лидер во светот на директна продажба, носејќи ја убавината до над 200 милиони корисници ширум светот во секое време, насекаде, секојдневно, преку повеќе канали, пристапни места и врвни брендови.
Natura &Co ќе има водечка позиција во продажбата заснована на меѓусебни релации, онлајн и офлајн, преку Avon и Natura, со над 6.3 милиони Претставници и Консултанти. Групацијата исто така, ќе има силна позиција во малопродажбата со над 3.000 продавници и проширено дигитално присуство кај сите свои брендови.
Natura &Co ќе генерира годишен бруто приход од над 10 милијарди долари, вработува над 40,000 луѓе, изобилува со широко и комплементарно продуктно портфолио во клучните категории и има глобално присуство во преку 100 земји во светот.
„Како компанија која има повисока цел, Natura &Co и AVON како нејзин составен дел, ќе има уште посилен глас да ги застапува каузите кои целат кон финансиска независност на жените, борба со климатските промени, развој на козметика која не се тестира врз животни и воспоставување на силни врски со локалните заедници, и сé останато што е дел од сопствените уверувања и значи подобар начин на бизнис делување преку позитивно социјално, економско и влијание врз животната средина. Дополнително, како жена, горда сум што на челната позиција на AVON во моментот се наоѓа Анеџела Крету, првата жена која доаѓа од пазарот на Југоисточна Европа, што е исто така значајно за поголем развој на пазарите од овој регион, во кој спаѓаме и ние” изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON Македонија.
И токму како симбол на новата приказна на AVON како дел од уште поголемо семејство на компании со своја лична култура, углед и делување, а и во годината кога AVON во Македонија слави свој сопствен јубилеј - 15 години постоење на пазарот, на пазарот се лансира уште еден нов впечатлив мирисен концепт, парфемот Her Story.
Новиот концепт наречен Her Story преку својата мирисна композиција ја раскажува животната приказна на секоја жена
Креиран од светски познати парфимеристи, Her Story со цветот ирис во својата срцевина што значи мудрост, храброст, вредности, доверба и моќ, но и наклоност, восхит и надеж, ја гради приказната на жената полна со самодоверба, подготвена да се бори за своите соништа.
Мастер-парфимеристката Онорин Бланк е жена која ги комбинира недвосмислената лична сила, со сензибилитетот на вистински уметнички дух. Таа не ги мириса нејзините мириси – таа ги чувствува. Таа, заедно со парфимеристот Адилсон Рато се креаторите на мирисот Her Story.
„Адилсон и јас бевме мотивирани да создадеме интензивен мирис со јасен печат, кој ќе побуди чувство на моќ и храброст кај жената што го носи. Се инспириравме од жените кои се издвојуваат од толпата, се охрабруваат да го искажат својот став и не се плашат да дозволат нивниот глас да се слушне. Ова е мирис за тие жени, но и за сите други жени кои тежнеат кон тие особини”, вели Бланк.
„Со Онорин сакавме да создадеме мирис кој ќе изрази почит кон модерните хероини: жените полни со самодоверба и храброст која сите ја ценат! Јас особено им се восхитувам на жените кои имаат контрола врз сопстените животи и стојат цврсто на земја. За мене тие не се само хероини, јас сакам да ги викам SHERO (ТАА-ХЕРОЈ)! ”, вели парфимеристот Рато.
Во основата на мирисот, пачулито ги открива елегантните и моќни дрвенести тонови, нагласувајќи го карактерот на жената која ја испишува својата сопствена приказна.
Во срцето на мирисот пак, отмениот ирис остава впечатлива трага и го завзема централното место на оваа креација со екстремна софистицираност.
На крајот, во горните ноти се наоѓа розовиот бибер кој ја претставува женската енергија и подготвеност за борба за остварување на сопствените соништа.
Овој инспиративен мирисен концепт доаѓа во минималистичко, модерно пакување кое е во релација со приказните на жените – тие се несовршени, но секоја од ние е навистина посебна.
Црвеното цевче кое го преселува мирисот од шишенцето до површината на кожата е симбол на животната нишка – инспириран од приказните од минатото, сегашноста и иднината!
Како да го нарачате Her Story?
Новиот мирис Her Story е достапен за порачување преку претставничката мрежа на AVON, а може да се порача и онлајн. Комплетната интерактивна брошура од Кампања 03 е достапна овде.
Зa AVON
Над 130 години AVON се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните AVON брендови како AVON Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време. AVON ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку AVON и AVON Фондацијата. Повеќе информации за AVON и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her
За NATURA & CO.
Како резултат на здружувањето на Natura, Aesop и The Body Shop, корпоративниот бренд Natura &Co го консолидира создавањето на глобална, мулти-канална и мулти-бренд групација со јасна цел. Трите компании кои ја сочинуваат групацијата се посветени на
генерирање на позитивен економски, социјален и општествен ефект. Основана во 1969 година, Natura е бразилска компанија во сегментот козметика и лична нега и лидер во директна продажба. Основана во 1976 година во Брајтон, Англија од Анита Родик, The Body Shop е глобален козметички бренд кој има цел да направи позитивна промена во светот. Австралискиот козметички бренд Aesop е основан во 1987 година, со намера да креира премиум палета на производи за кожа, коса и тело.