Научни истражувања кои ги побиваат митовите за никотинот – каде грешат луѓето?
- Детали
- четврток, 13 февруари 2020
Иако многумина го наведуваат никотинот како примарен причинител за болестите поврзани со пушењето, научни истражувања ги побиваат овие мислења.
„Економист“ објави научна дискусија за е-цигари во краток документарен филм насловен „Vaping: Каде грешат луѓето“.
„Економист“ ги разгледува реакциите против vaping-от, кои се засилување на митовите за електронските цигари кои содржат никотин, а сепак не се поддржани со научно истражување.
Во видеото се појавува Роберт Вест, професор по здравствена психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој вели „Загриженоста се однесува на корисниците на е-цигари кои ги користеле истите за да престанат да пушат, ќе се вратат на пушење. Ако тоа се случи, многу животи ќе бидат изгубени“.
- Иако не се согласуваме со сите гледишта изразени во видеото, истото дава урамнотежена перспектива за проблемот со vaping-от во САД и во останатите земји и за опасностите од забраната на електронските цигари или нивно несоодветно регулирање, пишува „Економист“.