Мобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности
- Детали
- четврток, 13 февруари 2020
А1 Македонија како компанија која постојано работи на подобрување на дигиталното корисничко искуство континуирано воведува нови функционалности на мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play и на App Store.
Новата верзија на Мојот А1 на корисниците им дава детален увид во моменталната состојба за тековниот месец, како дополнување на досегашната можност за детален увид во сметките од последните 5 месеци. Покрај детален увид во сметките, корисниците имаат вкупен преглед на сметките за своите А1 услуги, за последните 12 месеци. Сето ова придонесува корисникот да има целосна контрола на трошоците, лесен и постојан пристап до важните информации и едноставно и брзо менаџирање на своите А1 услуги преку мобилната апликација.
Во насока на целосно дигитално корисничко искуство, Мојот А1 овозможува активација на електронска сметка, едноставно и брзо, преку внесување на е-мејл адреса на корисникот. По активација на електронската сметка, следната издадена сметка корисникот наместо во печатена форма преку пошта, ќе ја добие во електронска форма на е-мејл адресата која ја оставил преку апликацијата.
Со активација на електронската сметка корисникот веднаш и навремено ќе има пристап до сметките во PDF формат, со што придонесува кон зачувување на животната средина.
Преку апликацијата Мојот А1 корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки за сите А1 услуги со дебитна или кредитна картичка, во секое време.
Преку користење на дигиталните услуги на А1 Македонија, корисниците добиваат можност да го заштедат своето време, а истовремено и да придонесат кон зачувување на животната средина.