A1 Македонија за припејд корисниците на мобилната телефонија - Неограничено сурфање на социјалните мрежи со А1 Go Social
- Детали
- вторник, 11 февруари 2020
A1 Македонија со гордост го најавува воведувањето на нова понуда за сите корисници на мобилната припејд телефонија со која добиваат можност да уживаат во придобивките на атрактивниот пакет А1 Go Social и неограничено да сурфаат на социјалните мрежи.
Најновиот А1 Go Social е неделен пакет со неограничено сурфање на најпопуларните социјални мрежи, Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp. Со пакетот корисниците добиваат можност за опуштено сурфање, споделување фотографии и видеа, постови и сторис без при тоа да го трошат дополнителниот 1GB интернет кој е составен дел од пакетот. Пакетот е достапен за само 119 денари неделно.
Пакетот А1 Go Social може да се користи се додека корисникот има преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку биде потрошен интернетот, нов пакет може да биде активиран веднаш со што продолжува користењето на пакетот А1 Go Social.
Сите нови А1 припејд корисници го добиваат пакетот А1 Go Social бесплатно во првата недела. Сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.
Корисникот може да провери статус на преостанатиот интернет од дополнителниот 1GB интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.
Со оваа најнова атрактивна понуда, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, неограничена комуникација и многу забава.
Повеќе информации можете да најдете на www.A1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.