Отворениот ден во Џевахир Скај Сити привлече над стотина заинтересирани идни станари

Над стотина заинтересирани купувачи во саботата, во рамките на организираниот „отворен ден“, ја искористија ексклузивната можност да влезат во комплексот Џевахир Скај Сити, да ги разгледаат становите кои се нудат на продажба и на лице место да ги добијат сите потребни информации кои ќе им помогнат полесно да донесат одлука и да станат дел од приказната Џевахир Скај Сити.

otvoreniot-den-vo-jevahir-sky-city-privleche-nad-stotina-zainteresirani-idni-stanari-01.jpg

Посетителите на овој начин можеа да се уверат за придобивките кои животот во овој вид голем станбен комплекс ги нуди, како што се удобност, безбедност и организација.

Во комплексот од четирите највисоки згради во земјава - Џевахир Скај Сити, моментално на продажба се становите во кулите А и Б. Во кулата А, од 33 до 38 кат се нудат комплетно опремени двособни станови - од 51 м2 и 63 м2 и трособни станови - од 77 м2. Во овие станови, освен што се целосно опремени бањите и кујните, што подразбира и модерна бела техника, со седечки гарнитури, трпезариски гарнитури,  гардеробери, спални кревети и друг мебел се опремени и сите соби, со што нудат можност за вселување веднаш. Дел од овие станови може да бидат и паметна инвестиција за оние на кои во моментов станот не им е потребен за живеење, бидејќи се нудат и со постоечки договори за закуп.

otvoreniot-den-vo-jevahir-sky-city-privleche-nad-stotina-zainteresirani-idni-stanari-02.jpg

Во кулата Б, пак, преoстанати за продажба се четирисобните станови (98 м2) опремени со кујна (без бела техника) и гардеробери во претсобјето и истите се веднаш вселиви.

otvoreniot-den-vo-jevahir-sky-city-privleche-nad-stotina-zainteresirani-idni-stanari-03.jpg

Џевахир Скај Сити има модерно дизајниран простор за живеење, одлични градежни перформанси, висока енергетска ефикасност, сопствен систем за греење и ладење, заштитата од пожари и постојана контрола на влезот, модерни и високо ефикасни лифтови, а обезбедува и целосна функционална поврзаност на просторот за живеење со останатите удобности - базенот, теретаната, гаражата и трговскиот центар кој е во изградба.

otvoreniot-den-vo-jevahir-sky-city-privleche-nad-stotina-zainteresirani-idni-stanari-04.jpg

Комплексот наскоро на продажба ќе го понуди и станбениот простор во кулата Ц.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg