Како да ги заштитиме децата во услови на висока загаденост на воздухот

Во извештаите на Светската здравствена организација (СЗО) се наведува дека глобалното загадување на воздухот има огромно деструктивно влијание врз здравјето на луѓето, a особено врз детското здравје.

kako-da-gi-zashtitite-decata-vo-uslovi-na-visoka-zagadenost-na-vozduhot-01.jpg

Имено, нивните податоци укажуваат дека 93% од децата во светот на возраст под 15 години дишат токсичен воздух. Во неколку македонски градови, во зимскиот период, мерните станици честопати регистрираат високо ниво на аерозагаденост, која е опасна по здравјето на луѓето, а најмногу врз здравје на децата како најранлива категорија.

За штетното влијание на загадувачите во воздухот врз здравјето на децата и новороденчињата и за начините како да ги заштитиме кога загаденоста е превисока зборувавме со прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар, а водено и шеф на Одделот за педијатрија и неонатологија во ПЗУ „Ре-Медика“. Таа има 35 годишно работно искуство, а нејзина специјалност е неонатологијата, област на педијатријата која се состои од медицинска грижа на новороденчињата, особено болните или предвремено родените деца.

За ризиците од аерозагадувањето врз бременоста во феталниот период, таа вели дека фетусот додека е во фаза на развој е особено чувствителен на загадувачите присутни во опкружувањето на секоја бремена жена. Собраните докази од релевантни студии, покажуваат дека одредени загадувачи во воздухот, можат да имаат негативен исход врз текот на бременоста бидејќи делуваат врз здравјето на бремените жени.

„Чувствителноста на фетусот од аерозагадувањето значи зголемен ризик од предвремено породување односно недоносеност на плодот, мала тежина при раѓањето поради ненапредување во растот, извесно зголемување на ризикот од појава на аномалии, па сè до неповолен исход на самата бременост“, вели д-р Поп-Лазарова.

kako-da-gi-zashtitite-decata-vo-uslovi-na-visoka-zagadenost-na-vozduhot-05.jpg

Истражувањата покажуваат дека новородените и малите деца до 7 години се посебно чувствителни на загадувањето на воздухот затоа што нивните бели дробови сè уште се во процес на развој и токму загадувањето може да влијае директно на овој процес.

„Kолку детето e помало, толку ризикот од аерозагадувањето врз неговото здравје е поголем. Детскиот млад и незрел организам, е помалку способен да ги метаболира, детоксицира и излачува токсините (загадувачите) од воздухот. Сето тоа допринесува тие подолго време да се присутни кај нив и да го манифестираат својот негативен ефект врз детското здравје. Исто така, нивниот нервен систем, вклучително и мозокот, сè уште е во развој, а невротоксичните соединенија т.е. загадувачите можат да влијаат на когнитивниот развој на децата,“ истакнува д-р Поп-Лазарова.

kako-da-gi-zashtitite-decata-vo-uslovi-na-visoka-zagadenost-na-vozduhot-03.jpg

Децата вдишуваат повеќе воздух по единица телесна тежина отколку возрасните, а со тоа внесуваат и повеќе штетни материи во својот организам. Дополнително, поради поголемата физичка активност, децата дишат поинтензивно од загадениот воздух за разлика од возрасните, со што е зголемен и ризикот по нивното здравје.

Токму поради овие специфичности на детскиот организам, д-р Поп-Лазарова вели дека аерозагадувањето е особено штетно за нивниот респираторен систем и претставува зголемен ризик од појава на астма, а со прогресирање и хроницитет на состојбата, може да дојде до појава на ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест) со сите свои компликации. Додека кај децата со алергиски ринит, симптомите може да бидат испровоцирани или интензивирани од вдишување на загаден воздух. Ист ефект, аерозагадувањето може да има и кај деца кои имаат проблем со ларингит, кај кои заболувањето може да премине во хроничен облик.

Покрај штетните влијанија на загадениот воздух во надворешни услови, истражувањата покажуваат дека воздухот во затворен простор може да биде од два до пет пати позагаден од надворешниот. Д-р Марина Поп-Лазарова во однос на начините за заштита на детското здравје при престој во затворен простор, се повикува на препораките од Светската здравствена организација и вели:

„Главната порака до возрасните е НЕ ПУШЕТЕ во присуство на децата или во просториите каде престојуваат деца бидејќи на тој начин го загрозувате нивното здравје. Користете почисти горива и технологии за готвење, загревање и осветлување во вашиот дом. Користете печки и шпорети со исклучително ниска емисија на обработени цврсти горива и секогаш гответе во добро проветрен дел од станот или надвор со цел да се постигне подобра вентилација на просторот. Во просториите за живеење или во установите каде престојуваат деца користите прочистувачи на воздухот.“

kako-da-gi-zashtitite-decata-vo-uslovi-na-visoka-zagadenost-na-vozduhot-04.jpg

Токму препораката за користење на апарати за прочистување на воздухот, таа вели дека често ја упатува на родителите кои доаѓаат во нејзината ординација, со цел да им помогнат на децата кои во текот на зимските месеци, поради временските услови се принудени поголем дел од денот да го поминуваат во затворен простор односно дома, во градинка или училиште.

Таа сподели дека во „Ре-Медика“ ги користат Philips апаратите за прочистување на воздух и од досегашното искуство, како специфичност би ја издвоила нивната моќност односно отстранувањето на крупните, но и најмалите честички од воздухот до 0,003 микрони, елиминирањето на микроорганизмите со постигнување на чистота на воздухот од 99,97%, и сето тоа со континуирано мониторирање и прочистување на воздухот во просторијата каде се вклучени. Моделот на Philips прочистувачот кој го користат тие, поседува и интегрирана опција за прилагодување на влажноста на воздухот, што според д-р Поп-Лазарова е од исклучително значење за нормалното функционирање на дишното стебло затоа што се препорачува одржување на влажноста во просторијата да биде меѓу 40-60%.  

kako-da-gi-zashtitite-decata-vo-uslovi-na-visoka-zagadenost-na-vozduhot-02.jpg

„Токму поради овие карактеристики, Philips прочистувачите на воздух можат да бидат вистинскиот избор за оваа намена, како придонес во грижата за детското здравје, но и здравјето на целото семејство, особено потребно во вакви околности на изразена аерозагаденост,“ заклучува д-р Марина Поп-Лазарова.

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg