Квалитетот на германското образование
- Детали
- среда, 29 јануари 2020
Македонскиот едукативен систем не стагнира повеќе на полето на банкарство, финансии и информатички технологии.
По основањето на Академијата за банкарство и информатичка технологија, земјата доби прва едукативна организација од овие простори која што нуди германско образование на македонско тло.
Причината поради која што Македонија е избрана за имплементација на германскиот модел на образование е поради добрата состојба на земјата која што овозможува добра иднина за просперитет. Германското образование е систем кој што беше потребен во едукацијата на сегашните и идните генерации.
Академијата нуди четири различни столбови за студентите. Првиот столб е за организирање на семинари и конференции, за да можат студентите да работат заедно во една училница.
Вториот столб е учење на далечина, разликата е во тоа што студентите можат да ги контактираат своите предавачи, а имаат време и да вежбаат. Третиот столб се сертифицирани обуки, односно идејата е да им се понудат на студентите практични обуки што ќе им користат во компаниите, и последниот четврт пилар се студиски програми, додипломски и постдипломски студии.
Во сите четири столбови, главната идеја и цел е да се комбинира германското високо образование, а студентите да можат преку практичниот дел во обуките кои што ги нуди Академијата да се соочат со реални предизвици од реалниот свет надвор од училниците.
АБИТ им нуди можност на студентите да стапат во контакт со различни компании, а ги мотивираат компаниите од услужниот и производствениот сектор да се приклучат во иницијативата и соработката.
Имено, АБИТ е првата едукативна организација од државата која станала членка на една европска асоцијација за банкарство, како што е European Banking & Financial Services Training Association од Брисел за давање на специјализирани семинари и сертификација на ниво на Европската Унија. Бордот на директори на European Banking & Financial Services Training Association од Брисел, во 2014 година, донесе позитивна препорака за влез на „Академијата за банкарство и информатчка технологија“ – Скопје, како придружна членка на Асоцијацијата.
АБИТ е исто така и првата институција на Балканот која што има склучено партнерски договор со „World Saving & Retail Banking Institute – European Savings & Retail Banking Group“од Брисeл.
Од голема важност е и соработката на АБИТ со Лондонската академија за Retail банкарство од Велика Британија (Retail Banking Academy, LONDON), како и соработката со Минхенската Академија за контролинг (Controller Akademie) од С.Р. Германија преку која што соработка, АБИТ стекна право да дава меѓународно стручно образование од најпрестижните ЕУ академии (школи) за финансии.
Сигурноста на успехот е загарантирана кога искуство Ви пренесуваат меѓународни и домашни предавачи со 20 г. На едногодишните специјализации и КПУ семинари во АБИТ, како постојани – редовни предавачи (професори) се вклучени повеќе од 80 лица.
Во моментов отворени програми на академијата АБИТ и институт Хајделберг Скопје се:
Certified Risk Manager |CRM, почеток во март
Certified Credit Analyst | CCA, почеток во март
Certified Branch Manager| CBM, има активна група, нови од октомври
Certified Compliance Specialist | CCS, почеток во март
Certified Trade Finance Specialist | CTFS, почеток во март
Certification in Banking Supervisory Standards | CBSS (во партнерство со НБРСМ), почеток во март
Certification for Corporate Governance | CCG, почеток април-мај
Certified Enterprise Risk Manager | CERM, почеток во март
Certified Forensic Accounting | CFA, во подготовка
Certified Financial Crime Specialist | CFCS, во подготовка
Certified Accounting Specialist - FORUM Program (German Diploma)|CAS, има активна група, нови од октомври
Certified Controller (German Diploma) | CC, почеток во март
Certified Portfolio Manager | CPM (во партнерство со Комисија за Хартии од вредност на РСМ), има активна група, нова од април
Certified Graphic Designer | CGD, има активна група, во тек е формирање на втора група
Master in Digital Marketing | MDM, има активна група, во тек е формирање на втора група
Certified Full-Stack Mobile App Developer | CFSMAD, март
Certified Web Developer | CWD, март
Certification in Business Intelligence & Big Data | CBI & BD, март
Кариерата се гради со искуство, но истата многу побрзо се движи со нови знаења. Искачи се едно скалило погоре и запиши се на некоја од горенаведените програми кои гарантираат успех, бидејќи УСПЕХОТ СЕ УЧИ!