The Watch Club Skopje – ново катче за љубителите на часовници во центарот на градот
- Детали
- вторник, 31 декември 2019
Во центарот на Скопје, на плоштад Македонија веднаш до ресторанот Пелистер се отвори „The Watch Club Skopje”, новото место за вистинските љубители на часовници.
Уште на прв поглед кога ќе влезете во продажниот салон веднаш ќе забележите дека е направен во светски стил и по светски стандарди. Ентериерот во кој преовладува еден минималистички дизајн, дава топол амбиент кој нема да ви дозволи да заминете со празни раце.
Нашиот град може да се радува на убави нешта во последно време што го прават да личи на вистинска метропола. Таква е приказната со „The Watch Club Skopje”. Продажниот салон нуди голем избор на часовници од различни брендови како што се Citizen, Hugo Boss, Emporio Armani, Swiss Military, Michael Kors, Esprit, Obaku, Casio, Daniel Klein и многу други. Освен тоа, во „Тhe Watch Club Skopje” ќе може за прв пат кај нас се најдат и новите брендови Vogue, Olivia Burton, CLUSE, Lacoste и многу наскоро уште неколку брендови.
Обрнувајќи внимание на секој детал „The Watch Club Skopje” Ви нуди едно навистина незаборавно искуство кое сигурно ќе ве натера да заборавите на времето.
“Во новиот продажен салон, се трудиме нашите гости да имаат незаборавно искуство уживајќи во секој автентичен модел на часовник кој го имаме. Освен продажбата, гостите ќе се чуствуваат како дома и ќе им посветуваме максимално вниемание, и покрај купувањето на нов часовник ќе може да уживаат и во добар пијалок или квалитетно италијанско кафе.„ – изјави Иван Богоевски, основачот на The Watch Club Skopje.
Доколку сѐ уште не знаете од каде да одберете новогодишен подарок за Вашите најблиски, сега имате одлично место.