Вива Премиум соковите во нови модерни еко пакувања

Најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа под брендот Вива годинава го одбележува своето 25 годишно постоење. По повод овој јубилеј, компанијата се одлучи да направи редизајн и промена на пакувањето на премиум линијата производи. Новата амбалажа Pure-Pak Sense има подобрена функционалност, нуди многу поволности и нуди опција за поефикасно управување со отпадот.

viva-premium-so-novi-moderni-eko-pakuvanja-01.jpg

Како лидер на пазарот Вивакс е компанија која секогаш е во тек со новите стандарди и трендови на светско ниво. Редизајнот на премиум линијата производи е чекор напред  за компанијата, но и воведување нов стандард во оваа индустрија во земјава и во регионот. Новата амбалажа ги диференцира производите на Вива од останатите со ултра модерниот дизајн, новата форма и своите функционални карактеристики, а ја позиционира компанијата во ранг на останатите светски познати компании.

Pure-Pack Sense всушност е најнов тренд во пакувањето во светот, а станува збор за современа амбалажа направена од обновливи извори. Подобрената функционалност за попогодно ракување со отпадот овозможува лесно и ефикасно склопување пред фрлањето, со што се придонесува за намалување на отпадот, поедноставено рециклирање и заштита на животната средина.

viva-premium-so-novi-moderni-eko-pakuvanja-02.jpg

Со оваа иновација во пакувањето, Вивакс уште еднаш докажа дека е една од врвните домашни компании и бренд кој постојано инвестира во сопствените производствени капацитети, во квалитетот на производството и современиот дизајн на производите, следејќи ги глобалните трендови во оваа индустрија.

viva-premium-so-novi-moderni-eko-pakuvanja-03.jpg

Како општествено одговорна компанија, Вивакс и во иднина ќе придонесува за развој и производство на исклучително здрави производи и ќе вложува во технологија која придонесува за заштита на животната средината.

Во своето 25 годишно постоење компанијата постојано инвестира во знаење, најсовремена опрема и технологија, што резултира со препознавање на квалитетот на производите Вива на светско ниво и присустство на пазарите во над 25 земји во светот.

Би можело да ве интересира:

Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Зоки Фаци во сабота заминува на операција во Турција: „По 20 години кариера, сфатив колку Македонија... „Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа д...
Синот на Таско наполни една година: Две торти и забава со многу гости за Лукијан Точно на полноќ, познатиот музичар и неговата сопруга Наташа го изненадија синче...
„Мојата дупла среќичка“ - Марко Новески објави прва фотка со близначињата во раце Новородените близначиња Веда и Вања во прегратка кај тато - водителот Марко Нове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg