НЛБ Банка ја прослави десетата награда „The Banker“

НЛБ Банка - Банка на годината по десетти пат

nlb-banka-ja-proslavi-desetata-nagrada-the-banker.jpg

(06.12.2019) Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година.

Во присуство на голем број гости, соработници и пријатели, во пријатна атмосфера, Претседателот на Управниот одбор г-динот Антонио Аргир и Претседателот на НЛБ д.д. г-динот Блаж Бродњак ги поздравија присутните со прикладен говор и го искажаа своето задоволство за добиеното признание. 

Да се биде Банка на годината во Македонија е огромна чест, но да се биде Банка на годината по десетти пат, покрај чест, претставува и голема одговорност која јас и НЛБ тимот сме подготвени да ја оправдаме и во иднина. За нас, ова признание од The Banker претставува голема сатисфакција и потврда за високиот стандард во работењето кој НЛБ Банка го одржува низ годините - изјави г-дин Аргир.

На настанот се обрати и г-динот Блаж Бродњак, Претседател на НЛБ дд и Прв човек на НЛБ Групацијата.

Оваа награда не е важно признание само за НЛБ Банка АД Скопје туку и за целата НЛБ групација. Ова е уште една потврда за нашата визија, да станеме регионален шампион и да се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти додека во исто време влијаеме врз квалитетот на живот во регионот. Во најголем дел, Југоисточна Европа е наш дом. Ние сме единствена финансиска групација од Западен Балкан која е присутна во Словенија и на сите пазари во поранешна Југославија во Западен Балкан. Го говориме јазикот, ги разбираме локалните специфики и менталитет и делиме заедничко минато. Уште поважно е дека, ние сме единствените кои имаат регистрирана централа тука и единствени со ексклузивно стратешко внимание во регионот. Главата и срцето на НЛБ групацијата се тука поради што ние сакаме и ќе направиме сè во наша моќ за да видиме како овој регион расте – истакна г-дин Бродњак.

За време на настанот присутните уживаа во музичките изведби на диригентот Емин Џијан и неговиот Магичен оркестар.

На 28-ми ноември во Лондон, наградата за Банка на годината во Република Северна Македонија по десетти пат и припадна на НЛБ Банка. Оваа престижна церемонија на која се избираат глобалните и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година е во организација на реномираниот финансиски британски магазин The Banker, публикација на The Financial Times од 1926 година.

The Banker наградите се одржуваат секоја година во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот, каде се доделуваат признанија на врвни финансиски институции.

Би можело да ве интересира:

Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg