Извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2019
По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, денес беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје.
Имено, Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, се стекна со 472.839 акции и 91,5733% од гласачките права.
Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции.
Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата.
Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година.