Аплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited

aplicirajte-na-mladinskiot-predizvik-generation-unlimited-01.jpg

  • За еднакви можности на децата и младите со попреченост во дигиталното општество

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади од 14 до 24 години да се приклучат на отворениот повик за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост.

Националниот повик е дел од младинскиот предизвик Generation Unlimited 2019/20 што се одвива во над 40 земји низ светот и ќе биде отворен за аплицирање до 22 ноември 2019.

Петте најдобри тимови ќе бидат наградени со финансиски средства и менторска поддршка во времетраење од 3 месеци, а двете најдобри решенија од финалето ќе влезат во светскиот избор. Овие проекти ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 10.000 до 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Generation Unlimited, за нивно проширување.

aplicirajte-na-mladinskiot-predizvik-generation-unlimited-02.jpg

Што е дигитална инклузија?

Дигитална инклузија (е-инклузија, е-вклучување) е користење на информациско-комуникациските технологии за ефективно учество на сите лица (особено децата и лицата со попреченост) во секој аспект на општествениот живот.

Што е целта на предизвикот?

Целта на младинскиот предизвик е креирање решенија кои ќе помогнат децата и младите со попреченост активно да се вклучат во образованието и во секојдневниот живот. Поконкретно, младите иноватори треба да одговорат на предизвикот: Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?  

Generation Unlimited - Младински предизвик

Првиот Младински предизвик се одржа минатата година и се одвиваше во 16 земји низ светот. Победникот на нашиот национален предизвик беше награден како еден од петте глобални победници на предизвикот (заедно со тимови од Пакистан, Тајланд, Зимбабве и Судан).

Минатогодишните учесници го споделија нивното искуство за младинскиот предизвик, погледнете го видеото и дознајте повеќе на www.genunlimited.mk.

aplicirajte-na-mladinskiot-predizvik-generation-unlimited-03.jpg

Generation Unlimited - Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ и на Фондацијата Телеком за Македонија се реализира во соработка со СмартАп и Сојузот на извидници на Македонија.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg