Штедењето станува актуелно со погодните услови за онлајн депозит на ХалкБанк
- Детали
- вторник, 29 октомври 2019
Штедењето повторно станува актуелно со тоа што се создадени и понудени нови производи што го прават штедењето лесно и едноставно. ХалкБанк неодамна, токму во месецот на штедењето го лансираше онлајн депозитот – едноставен и лесен начин за оручување на средствата и нивно зголемување до саканиот износ.
Атрактивноста и податливоста на онлајн депозитот е лесната достапност, односно граѓаните само со неколку клика и без дополнително трошење време, преку платформата за електронско банкарство можат да го започнат процесот на штедење. Банката, со новиот онлајн депозит, до толку го има поедноставено штедењето што потребно е само граѓаните да бидат корисник на услугата Електронско банкарство на ХалкБанк и да имаат желба за штедење.
Може да се штеди во денари или во евра, а средствата може да се орочат на шест, дванаесет или на дваесет и четири месеци. Каматните стапки се движат од 0,70% за 6 месечно орочување во денари, односно 0,40% ако се штеди во девизи. За орочувањето на една година, каматата за штедење во денари е 1,40% а за девизи е 0,70%, додека пак за депозит орочен на две години каматата за денарско штедење е 2,10% а 1,30% за девизно. Минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка, вклучувајќи го и кредитниот лимит.
Производот е наменет за физички лица и може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство. Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма со употреба на VASCO токен (e-signature) функционалност со Cronto image. Онлајн депозитот се води како посебна сметка, депозитна партија за која не е потребно издавање на штедна книшка. Средствата се орочуваат на e-bank а разорочувањето на депозитот е во филијалите односно експозитурите на банката.
Со поедноставување на процедурите за отворање штедна сметка, ХалкБанк покрај што им овозможува на граѓаните лесен и едноставен начин за штедење, уште и им овозможува да го вложат своето слободно време во вистински важните работи во животот.