Грејлинг ја доби наградата „Глобална агенција за односи со јавност” за 2019 година

Грејлинг е почестен што ја доби наградата Глобална агенција за односи со јавност за 2019-та година на галата на Глобалните награди SABRE, чиј домаќин беше Holmes Report што се одржа во Вашингтон. Локалната агенција за односи со јавност  Елемент ПР е партнерот на Грејлинг, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.

grejling-ja-dobi-nagradata-globalna-agencija-za-odnosi-so-javnost-za-2019-godina-01.jpg

Грејлинг беше признат за растот на своите активности во областа на односите со јавност, особено во европскиот регион, како и за градење силни стратешки партнерства на глобално ниво. Ова придонесе за доставување извонредни решенија за повеќе големи меѓународни клиенти.

„Ние сме навистина горди и почестени што ја добивме оваа престижна награда“, рече Расел Патен, претседател на Грејлинг. „Горди сме затоа што без нашите консултанти, најдобри во својата класа, и секако нашите клиенти, не би биле тука денес. Повеќе од што било друго, тоа е одраз на квалитетот на работата што им ја пружаме на нашите клиенти, што е насочено кон темелно истражување, стратешки увид, јасно разбирање на барањата на нашите клиенти и нашата посветеност да имплементираме решенија кои се долгорочни и носат бенефит за двете страни."

Од гледна точка на локалниот пазар, без разлика дали е во Шпанија, Вашингтон, Сингапур или Букурешт, станува се поважно да се биде дел од глобалната мрежа, истовремено додека си лидер на локално ниво. Сонцето никогаш не заоѓа за Грејлинг!

„Стручноста и опфатот на нашите тимови им даваат незаменлива вредност на нашите клиенти, кои многу често се соочуваат со прашања што ги надминуваат националните граници“, истакна Бен Петер, директор на мрежата, која ги надгледува 11-те канцеларии на Грејлинг низ Централна и Источна Европа. „Нашата способност да ги координираме кампањите кои ги застапуваме на повеќе пазари истовремено, значи дека можеме да бидеме многу повеќе од само збир на нашите канцеларии“.

Претходно оваа година, Грејлинг беше прогласен за најдобар во консултантски услуги за односи со јавност од страна на ЕМЕА. На европските единици за ПР им беа доделени и „Кампања на годината“ за кампања поврзана со Брегзит и Агенцијата за ПР на годината (2016) како дел од „Наградите за ПР Европа“, еден од најважните настани во ПР индустријата. Канцеларијата на Велика Британија исто така ја доби наградата за консултантски услуги во областа односи со јавност за 2016-та година.

Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар, заедно со Косово и Албанија е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg