Приватно здравствено осигурување во кој било период од бременоста, отсега и онлајн!

Периодот на бременост налага постојана грижа, неопходни тестирања и купување додатоци. Најголемата грижа на трудниците е обезбедување на сигурно породување, болнички престој и добра постпородилна грижа, кои можат да бидат голем финансиски товар.

privatno-zdravstveno-osiguruvanje-vo-koj-bilo-period-od-bremenosta-otsega-i-onlajn-01_630x340.jpg

Приватното семејно здравствено осигурување на Еуролинк нуди поддршка во текот на целата бременост. Од аспект на придобивките, токму можноста за осигурување во кој било период од бременоста, покривање на трошоците за неинванзивни пренатални тестови и покривање на трошоците за породување во приватна здравствена установа предизвикаа голем интерес кај граѓаните.

Новитет кај оваа полиса е тоа што Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за онлајн купување на приватно семејно здравствено осигурување. Трудниците во периодот на бременоста се преоптоварени со обврски и планирање, па со оваа нова опција се олеснува тој период, затоа што со неколку клика можат да го обезбедат породувањето во приватна болница и таа грижа да ја решат брзо. Процената на здравствената состојба ја вршите самите, во реално време, и тоа без потреба од прегледи и чекање, што исто така претставува нов пристап во начинот на обезбедување здравствено осигурување кај нас. Врз основа на процената, граѓаните имаат можност самите да одлучат и одберат какви здравствени бенефиции ќе си обезбедат. За ова да биде возможно онлајн, Еуролинк практикува комбинација од нова технологија и експертиза од стручни лица, кои го поддржуваат процесот во секој чекор.

privatno-zdravstveno-osiguruvanje-vo-koj-bilo-period-od-bremenosta-otsega-i-onlajn-01.jpg

„Купивме приватно семејно здравствено осигурување и дополнителен пакет кој ги покрива трошоците за породување во приватна здравствена установа. Очекувавме бебе и оваа опција беше многу подобра од земањето кредит за да го платиме породувањето. Се породив во приватна болница по мој избор, а Еуролинк директно ги покри трошоците кон болницата. Набрзо по породувањето се случи да треба да бидам хоспитализирана заради друга болест. Повторно имав можност да одберам приватна болница, каде што имаше услови моето новородено бебе да биде со мене, а болничките трошоци повторно беа директно покриени од Еуролинк“ – објаснува осигуреник на Еуролинк за своето искуство.

Приватното семејно здравствено осигурување, кое отсега може по брза и лесна процедура да се купи во интернет-продавницата на Еуролинк, нуди три различни пакети – Старт, Комфор и Премиум. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн-полиса за приватно семејното здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет. Посетете ја интернет‑продавницата уште денес, пополнете го прашалникот и самите уверете се колку е лесен и брз процесот на обезбедување квалитетно здравствено осигурување за Вашето семејство: http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp

Би можело да ве интересира:

Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...
Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“ Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина.&nb...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Малата Срна (3) конечно си оди дома од болница по операцијата – мајката се заблагодари на хуманиот н... „Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg