Малата Срна (3) конечно си оди дома од болница по операцијата – мајката се заблагодари на хуманиот народ

„Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна. Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома“ – напиша мајката на малата Срна (3), откако се собраа средствата за лекување од донации. 

srna-01.jpg

Откако на 7-ми март со донации од граѓаните беа собрани парите потребни за лекувањето на Срна (3), денес нејзината мајка Васка на Фејсбук објави фотографии од болницата и откри дека нејзината мала ќерка конечно си оди дома.

Таа му се заблагодари на Д-р Ристо Симеонов кој ја оперирал и се грижел за Срна, но и на целиот медицински персонал кој дал сè од себе за малото девојче да се чувствува пријатно.

Не ги заборави ни граѓаните на Македонија, кои се сплотија и за неполн ден собраа скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна.

srna-02.jpg

„Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна и тоа успешно!

Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме, а вие целосно ѝ се посветивте.

srna-01_1.jpg

Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина.

Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава.

Медицинскиот персонал од Acibadem Sistina Hospital, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна, но и кон нас како родители.

srna-03.jpg

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома.

Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој...“, напиша мајката на Срна.

srna-04.jpg

Прочитајте и Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Познатите Македонци ни ги открија божиќните традиции: Дац меси лепче, Снеже Велков се капе во море „За Бадник секогаш јас месам лепче со паричка и правам гравче тавче, но риба куп...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg