Мартина Димовска, маркетинг-специјалист во А1 Македонија: Дигиталната ера ни налага ново темпо, а со тоа и потребата за нови производи, кои ќе го збогатат искуството на А1 потрошувачите
- Детали
- петок, 25 октомври 2019
Во склоп на новата кампања за A1 Neon разговараме со Мартина Димовска, маркетинг-специјалист во Продукт маркетинг одделот на А1 Македонија, каде што дознавме повеќе за онлајн купувањето во А1 како и за новите производи наменети исклучиво за овој канал на продажба.
Која е новата „концепт-тарифа“ на А1 и што стои зад самиот концепт?
Една од предностите на ребрендирањето во A1 беше и можноста да се воведат новитети, кои на нашите корисници ќе им овозможат поголеми придобивки. Стратегијата на брендот А1 се заснова на градење дигитални решенија, кои ќе го поедностават и ќе го збогатат квалитетот на животот во новата дигитална ера.
Свесни сме дека дигитализацијата не е само светски тренд, туку еволутивна насока на која треба да се приклучиме што е можно поскоро. Затоа ја создадовме и A1 Neon, новата „концепт-тарифа“, која е дел од од постпејд понудата на А1, но со продуктна предност овозможена ексклузивно преку онлајн каналот за продажба.
Зошто токму Neon? Кон што нè води новиот тарифен концепт?
A1 Neon произлегува од добро познатoтo постпејд портфолио – A1 Neo, во комбинација со основата на овој тарифен модел – достапна за активација исклучиво преку онлајн каналот. Истовремено, Neon е симболика за нешто ново, а визуелно го поврзуваме со младиот дух, со безгрижност, нешто смело, но и забавно.
Ова е прва есклузивна онлајн тарифа на пазарот, а предностите што ги нуди, ни овозможуваат слободна и безгрижна комуникација, истовремено охрабрувајќи ги корисниците што повеќе да ги применуваат достапните онлајн канали и во иднина да го поедностават своето купување.
За кого е достапна А1 Neon понудата?
Понудата е достапна за сите корисници што ќе ја извршат својата активација или обнова онлајн, а покрај продуктните придобивки ќе го заштедат и времето што инаку би го поминале чекајќи во редовите на традиционалните канали за продажба.
Денешната динамика на живеење ни наметнува брзо темпо, а неминовно и потребата за ефикасно извршување на обврските. Онлајн каналите се одговор на овие потреби, ни нудат брз начин за нивно реализирање, со постојана достапност 24/7 и од удобноста на нашите домови.
Кои предности ги нуди портфолиото А1 Neon?
За корисниците на мобилни услуги овие тарифни модели нудат посебни цени за купување одредени телефони преку онлајн каналот. Истовремено, А1 Neon содржи зголемено количество мобилен национален интернет, преку специјална Ноќна опција достапна за неограничено сурфање од полноќ па сè до шест часот наутро.
Дополнително, оваа тарифа ги содржи и сите промоции и надградби на редовното портфолио А1 Neo постпејд, како што се дополнително количество промотивен интернет од 5GB, но и 50GB редовна Net Sef опција, со која корисниците го сочувуваат непотрошениот месечен интернет вклучен во овој тарифен модел.
За корисниците на фиксни услуги, тарифните модели A1 Net Neon и A1 Combo Neon им нудат можност за користење на услугите без договорна обврска за времетраење, како и без трошоци за инсталација. На овој начин, нудиме комплетни решенија и комплетна слобода.
Какво е Вашето искуство со онлајн купувањето во Македонија?
Иако онлајн купувањето е далеку од новитет, кога станува збор за македонскиот телекомуникациски пазар, сè уште се соочуваме со предизвик да ги согледаме придобивките. Свесни сме дека подобноста да го промениме начинот на купување, само по себе бара време за приспособување.
Од искуството во А1 во изминативе две години може да се забележи значителен раст и интерес, што дополнително нè мотивира да продолжиме, како и со иновативна продуктна понуда, така и со постојана надградба и усовршување на процесот за купување. Може лесно да се заклучи дека генерациските разлики во однос на навиките и пристапот кон онлајн купувањето стануваат сè потесни, а дека дигитализацијата е континуиран процес што се развива од година на година.
Спремни сме да ги слушнеме потребите на купувачите и се надеваме дека оваа понуда, како одговор на современото живеење, ќе придонесе кон нови и позитивни кориснички искуства.