ПроКредит Банка и ЕБОР со поддршка за подобрување на енергетска ефикасност на домаќинствата во земјата

1 милион евра за поддршка на инвестициите во станбените објекти.

prokredit-banka-i-ebor-so-poddrshka-za-podobruvanje-na-energetskata-efikasnost-na-domakjinstvata-vo-zemjata-01.jpg

- Ебор обезбеди 1 милиони евра за ПроКредит банка Македонија за енергетска ефикасност

- Инвестиции во резиденцијалниот сектор за поттикнување на зелената економија и генерирање на заштеди

- Поддршка од ЕУ, Австрија и Инвестициската Програма за Западен Балкан на ЕБОР (ИПЗБ) преку Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ)

ЕБОР ги поттикнува инвестициите во зелена енергија во Северна Македонија со поддршка од 1 милион евра за Прокредит банка Македонија. Средствата ќе го поддржат подобрувањето на енергетската ефикасност на станбените објекти, ќе помогнат во намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Прокредит Банка Македонија ќе ги кредитира домаќинставата, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги кои планираат да инвестираат во проекти на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Финансирањето на ЕБОР е под  Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ).

Потенцијалните инвестиции ќе вклучат зелени технологии како бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, што ќе ги намали трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) за Балканот во износ од €85 милиони, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ) . Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (РПЕЕ ЗБ плус), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. ППЕЕ ЗБ Плус има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €1.9 милијарди во над 118 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg