Нова волонтерска еко-акција на Пивара Скопје - Пиварци и пријателите исчистија неколку километри од кејот на Вардар

Во најновата еко-акција, што се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на Пивара Скопје исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба. При тоа беше собран целиот сув отпад од патеките и бреговите на двете страни на реката, кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-01.jpg

Како и на претходните, така и во оваа волонтерска еко-акција на Пивара Скопје активно се вклучија амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД, со членови на персоналот на амбасадите, а овој пат засилување пристигна и од волонтерите од СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија. Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Гази Баба. Традиционално, целокупната логистичка поддршка при транспортот, селектирањето и рециклирањето на собраниот отпад во акцијата ја даде Пакомак. За вадењето на отпадот од реката се погрижија нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-02.jpg

„Пивара Скопје посветено работи на остварување на поставените цели и своите заложби за ‘Свет без отпад’. Оваа еко-акција, како и претходните, покажуваат дека како компанија, но и како поединци, сме подготвени да одвоиме средства и дел од своето своето работно време, за да придонесеме во остварување на тие заложби. Ме радува што со секоја нова волонтерска акција бројот на нашите партнери кои ги делат истите вредности и кои нѐ поддржуваат во оваа наша мисија, постојано се зголемува“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин. „Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации“, потенцираше Тимотин.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-03.jpg

Платформата „Рециклирате ли!?“, наменета за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот, започна да се реализира во 2016-та година, со организација на првата еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар, а продолжи и во наредните две години, со втората еко-акција за чистење на кејот и водите на Вардар, како и чистење на околината и водите на езерото Матка. Во овие акции беа собрани вкупно над 30m³ отпад, за што беа вложени над 300 часови волонтерска работа. Минатата година беше организирана и волонтерска активност за подигнување на јавната свест за замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина, а беше спроведен и едукативен караван со кој беа опфатени над 10.000 основци.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-04.jpg

За извршниот директор на Пакомак, специјализирана компанија за управување со отпад од пакување која е партнер на Пивара Скопје во сите вакви акции, одговорноста и обврските за решавање на предизвиците поврзани со заштитата на животната средина треба да бидат рамномерно распределени на сите засегнати субјекти во општеството.

„Уште од нашето основање, па сѐ до денеска, благодарение на финансиите и поддршката од нашите основачи, како Пивара Скопје и другите наши членови, успешно ги исполнуваме и ги надминуваме еколошките цели и таргети за собирање и правилен третман на отпадот од пакување што ги одредува државата. Но, постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што директно го оштетуваат буџетот и животната средина. Ова е проблем кој мора соодветно да се адресира и да се решава“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-05.jpg

Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, како и практиките за одржливост на HEINEKEN, Пивара Скопје континуирано вложува и спроведува практики кои придонесуваат за почиста животна средина, како што е употребата на амбалажа која целосно може да се рециклира, примена на мерки за заштеда на вода и енергија, како и за намалување на сите емисии од прозводството, вклучувајќи го и соодветниот третман и ре-употреба на водата што се користи во производствениот процес. Како еден од основачите на Пакомак, Пивара Скопје постојано вложува и во ефикасноста на системот за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување во земјата.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-06.jpg

За предводничката улога во доменот на одржливиот развој и евидентните резултати во заштита на животната средина, Пивара Скопје има добиено голем број домашни и меѓународни признанија меѓу кои и годинешната награда „Предводници на Целите за одржлив развој“ на Обединетите Нации, што се доделува во рамки на Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува граѓанската организацијата „Конект“.

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-07.jpg

За повеќе информации посетете ја страницата ПОЛНА ЧАША на www.polnacasa.mk

nova-volonterska-eko-akcija-na-pivara-skopje-pivarci-i-prijatelite-ischistija-nekolku-kilometri-od-kejot-na-vardar-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg