CRNOBELO.com петта година по ред STUBRAND, на јубилејното 5-то издание во Македонија
- Детали
- четврток, 17 октомври 2019
По петти пат квалитетот ни беше препознаен од студентите во Македонија – по петти пат CRNOBELO.com си ја понесе STUBRAND статуетката.
Се радуваме што го задржавме континуитетот помеѓу младата публика и што трудот кој секојдневно го вложуваме е наградуван со STUBRAND веќе петта година по ред.
Единствени од нашата категорија со ова признание, слободно можеме да кажеме „ви благодариме“ што препознавате дека се издвојуваме од конкуренцијата.
Вкупно 15 производни и компаниски брендови, едно радио, еден веб портал и една телевизија се меѓу најомилените брендови на студентската популација за 2019 година кои официјално беа промовирани како STUBRAND-ови пред повеќе од 300 студенти за време на јубилејниот 5-ти свечен настан во организација на STUBRAND Macedonia.
Региналниот директор, д-р Виктор Ѓорѓиески изјави: “Во 5 години постоење во Македонија, имаме 36 сертифицирани брендови претставени пред преку 1500 студенти на 5 свечени настани. Повеќе од 20 студенти добија бесплатни патувања низ Европа. Вклучивме преку 3000 студенти во десетиците специјализирани кампањи во студентските домови за кои обезбедиме илјадници безбројни производи од нашите партнери. Придонесовме за безброј насмеани лица. Лично јас сум пресреќен бидејќи успеавме во нашата мисија, да бидеме мостот помеѓу компаниите и студентите преку кого студентите ќе ја пронајдат својата посакувана работа, а компаниите своите барани кадри. Им се заблагодарувам на сите кои во изминатите 5 години учествуваа во градењето на брендот и во сите досегашни активности. Од името на тимот на STUBRAND ветуваме уште многу години посветеност и уште многу вакви јубилеи.“
STUBRAND е првиот иновативен концепт посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација. Имено, преку спроведување на истражувачки процес за мерење на имиџот на брендовите согласно уникатната STUBRAND методологија, студентите директно ги отценуваат и избираат своите омилени брендови.
Прв избор на студентите за 2019 се следните брендови: Hyundai, Ladna, Dobra voda, Шпаркасе банка, Zegin, Telekabel, Peko, Rapsody Travel&Events, Kouzon, Голден арт, Pfanner, Healthy food by Zegin, Pazar 3.mk, Македонска куќа, Bords eve, Antenna 5 radio, Crnobelo.com и Телевизија 24.
https://www.facebook.com/watch/?v=385679792375601