А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците
- Детали
- среда, 09 октомври 2019
Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, А1 Македонија jа одбележува Светската недела за грижа на корисниците.
За таа цел, со особено задоволство денеска, А1 беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за Грижа за корисници и со вработените кои се секојдневна поддршка за барањата и потребите на корисниците.
Во рамките на одбележувањето на Светската недела за грижата на корисниците во компанијата беа организирани неколку настани насочени кон едукација и следење на светските трендови во оваа област, a во насока на унапредување и интензивирање на комуникацијата со потрошувачите.
Центарот за Грижа на корисници е местото каде корисниците на услугите на А1 имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење или едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес. За корисниците на А1 информации за производите и услугите се достапни и преку социјалните мрежи преку кои нашите агенти во реално време одговараат на прашањата поврзани со услугите на компанијата.
Целта на А1 е да помогне и да понуди стручна помош при користење на своите производи и услуги.