Пејачката Аделина Тахири ексклузивно за Magnetik Gallery Скопје (фото)
- Детали
- вторник, 08 октомври 2019
Модната групација Магнетик ja продолжува соработка со пејачката Аделина Тахири, ексклузивно за продажниот салон Magnetik Gallery.
Аделина неодамна излезе со нов спот за песната Pergjithmone (Засекогаш), и уште еднаш и докажа на јавноста дека е вистинска кралица на балканската поп сцена. Покрај тоа, таа направи ексклузивна фотосесија за Magnetik Gallery, луксузниот мултибренд во Skopje City Mall, и во најава на есенската сезона ја гледаме во комбинации идеални за променливото време.
Досега ја видовме Аделина во мантилот од италијанскиот бренд Patrizia Pepe, и софистицираниот бел комплет на Liu Jo. Овој пат таа сподели две полежерни комбинации во џемпер и панталони на Marella и комбинацијата со фармерки, маичка и ташна на PINKO и елече од вештачко крзно на Patrizia Pepe.
Сите парчиња се достапни во Magnetik Gallery, кој се наоѓа на вториот кат во Skopje City Mall. Овој продажен салон е застапник на ексклузивните италијански брендови: Weekend Max Mara, Max Mara Studio, Sportmax, Max Mara Leisure, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff.
Во што ќе ја видиме Аделина следно? Со нетрпение чекаме да дознаеме.