НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Почнувајќи од први октомври, НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година. Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3% фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5% фиксна за првите 10 години.

nlb-banka-vovede-novi-promotivni-stanbeni-krediti-so-namaleni-kamatni-stapki-fiksni-do-10-godini-01.jpg

Исто така, во насока на обезбедување на дополнителна финансиска стабилност и намалување на неизвесноста од иднината, со својот станбен кредит клиентите имаат можност да добијат и полиса за животно осигурување со поповолни услови за користење на кредитот.

„Со цел да одговориме на барањата на нашите клиенти креиравме нови станбени кредити со најниски каматни стапки и најповолни услови на пазарот. Новите станбени кредити на нашите клиенти им овозможуваат да го изберат домот кој го посакуваат и притоа да имаат контрола во менаџирањето на својот семеен буџет, благодарение на подолгиот период на фиксност на каматните стапки. Како додадена вредност, клиентите со својот станбен кредит добиваат и бесплатна кредитна картичка како и можност за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со „Нептун“. И во иднина следејќи ги потребите на пазарот ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата понуда со цел да креираме позитивно корисничко искуство“ - велат од НЛБ Банка.

nlb-banka-vovede-novi-promotivni-stanbeni-krediti-so-namaleni-kamatni-stapki-fiksni-do-10-godini-02.jpg

Во рамките на промотивната кампања, НЛБ Станбените кредити се одобруваат без трошоци за одобрување и проценка. Новата понуда се однесува за сите новоодобрени кредити од 01.10.2019 година.

Повеќе информации за новите станбени кредити клиентите може да се добијат на веб страницата www.nlb.mk, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg