„Божиновски часовници и накит“ горд спонзор на отвореното првенство на тенис во Велес - SWATCH за победниците
- Детали
- понеделник, 30 септември 2019
Во организација на тенискиот клуб „Борец“ од Велес минатиот викенд се одржа отвореното првенство на Македонија во тенис.
„Божиновски часовници и накит“ и оваа година е горд поддржувач и спонзор на овој тенискиот турнир.
„Времето одвоено за спорт е секогаш драгоцено и секој настан кој ја поттикнува локалната заедница на здрав начин на живот со задоволство го поддржуваме. Традицијата на ова првенство е само доказ дека Велес има голем потенцијал и дека може да брои многу убави моменти поминати со спорот, ние како компанија секогаш ќе го поддржуваме тоа“, изјавија од претставништвото на „Божиновски часовници и накит“ од Велес.
Најуспешните на турнирот во женска конкуренција од компанијата беа наградени со Swatch часовник.
Изборот на часовник како главна награда има за цел да ги мотивира учесниците на тенискиот натпревар во Велес, симболично одбележувајќи го неговиот десет годишен јубилеј.