Jungle Tribe од Србија – Регионален лидер во далечни патувања, подарува аранжман на Бали и отвора своја агенција во центарот на Скопје!
- Детали
- понеделник, 30 септември 2019
Деновиве во Скопје почна со работа Jungle Tribe, туристичка агенција која веќе 15 години постои во Србија, а последните 5 години е апсолутен лидер во далечни патувања во нашиот регион.
Со свои канцеларии во Белград, Нови Сад, Подгорица, Сараево, Загреб, а од неодамна и во Скопје, Jungle Tribe е несекојдневна агенција која на луѓето сака да им овозможи поразличен вид на патувања. Акцентот го ставаат на искуствата со кои поубаво можат да се доживеат посетените дестинации и култури. Генерално се фокусирани на групни патувања, но работат и со индивидуални аранжмани.
„Групните патувања подразбираат однапред дефинирани термини за поаѓање, закуп на авионски билети и сместување на самите дестинации, организирани трансфери од аеродромите и меѓу местата кои се вклучени во програмата на патување, како и претставник/водич од агенцијата кој е 24/7 достапен за сите прашања или проблеми на нашите патници. Водичите практично и живеат на дестинациите кои ги работат. На пример, нашите водичи на Тајланд секои две недели пречекуваат нови групи – па место да се малтретираат и враќаат назад во Србија, остануваат на самата дестинација. Нашите водичи знаат каде има најдобра улична храна на Бали, коктели во Хавана, журки во Пукет, зајдисонца на Ко Панган, евтини сувенири, кои туристички замки треба да ги избегнете, а што морате да посетите. Нешто слично како да одите на гости кај пријатели во странство. На вас останува да се опуштите и уживате.“, изјавува Максим Максимовиќ, косопственик на Jungle Tribe Македонија, кој за втората половина на октомври го најави официјалното отворање на агенцијата, пропратено со презентации, дружење со водичи и авантуристи, размена на искуства и приказни од патувања.
Фокусот на Jungle Tribe е во создавање на една заедница на авантуристи, луѓе кои сакаат да патуваат и да го запознаваат светот. Имаат редовни поаѓања за Бали, Тајланд, Филипини, Индија, Јапонија, Јордан, Камбоџа, Малезија, Индонезија, Сингапур, Непал, Шри Ланка, Виетнам, Јапонија, Танзанија, Занзибар, Кенија, Мароко, Куба, Мексико, Перу, Боливија, Чиле, Аргентина, Бразил, Колумбија, Коста Рика, Патагонија, Еквадор итн.
Исто така имаат и редовни автобуски тури низ Европа: Португалија (Лисабон, Порто), Русија (Москва и Санкт Петерсбург), Италија (Чинкве Тере, Амалфи, Сицилија), Швајцарија и Лихтенштајн, Стразбур и Колмар, Алзак и Шварцвалд, Амстердам, Берлин, Краков, Прага, Брисел итн.
„Целиот свет го гледаме како музеј за кој сите имаме влезница и сами одлучуваме дали и колку од него ќе истражиме во текот на нашите животи. Турите кои го организираме се авантуристички и посветени на откривање на нови светови и хоризонти. На пример, имаме тура низ Перу, Боливија, Чиле, Аргентина и Бразил, која трае 27 дена и која е доста напорна, но обемна. За време на турата се поминуваат 4 годишни времиња и висинска разлика од околу 5000 метри. Турата вклучува тридневно преоѓање на Андите од Боливија во Чиле – возење со џипови, необични бои, облаци на дофат на рацете, фламингоси и нереален свет околу нас“, додава Максим Максимовиќ.
Jungle Tribe секогаш внимава нивните аранжмани да покријат и некој важен и интересен период за секоја земја. Јапонија обично ја работат со неколку поаѓања на пролет – периодот кој во Јапонија се нарекува сакура (период кога цветаат црешите). На Тајланд го работат фестивалот на светлата – еден од најимпресивните и најромантичните фестивали на овие простори. Се одбележува секоја година, ноќта на дванаесеттата полна месечина, на крајот на сезоната на дождовите, најчесто во ноември. Луѓето се собираат на реките, каналите или езерата и оддаваат чест на божицата на водата така што украсени сплавови ги пуштаат во вода, притоа замислувајќи желби.
Еден голем и многу важен дел од нивната маркетинг стратегија се патувачките работилници кои ги организираат на егзотични дестинации, наменети за инфлуенсери и блогери. До сега вакви работилници имаат организирано во Мароко, Занзибар, Бали, Јапонија, Непал, Индија, а за помалку од 2 недели Колумбија и Малдиви. Во првата половина на 2020-та година планираат да организираат #TravelUp на Бали за македонски блогери и љубители на патување.
Тоа што е најважно за оваа агенција е што цените им се сосема прифатливи за сите потенцијални патници.
На нивниот вебсајт налетавме на понуди за Тајланд од 850 евра, Бали од 890 евра, Непал од 890 евра, Занзибар од 990 евра, Индија од 920 евра, Колумбија од 1.550 евра, Мексико или Куба од 990 евра со вклучен авионски трансфер, аеродромски такси, трансфери, сместување и водич. Исто така можат да се најдат и автобуски тури за Русија од 199 евра за 14 дена, Лисабон 299 евра за 13 дена, Чинкве Тере од 245 евра или Тоскана од 129 евра за 6 дена.
“Нашата стратегија за продажба и маркетинг вклучува ниска заработувачка по патник, но голем обрт на патници. На краток рок ова не е баш најдобро за нашите финансии, но на долг потенцијалот го гледаме во едукација на пазарот, развој на дестинациите и рушење на сите стереотипи и табуа за патување во Азија, Африка или Јужна Америка – нешто што на многу луѓе за жал сѐ уште не им е дел од комфор зоната.” додава Максимовиќ.
Освој патување на Бали!
https://www.instagram.com/p/B27FF0inFYF/
Во петок, 04 октомври Jungle Tribe Македонија на својот Инстаграм профил @jungletribemkd ќе доделат едно комплетно патување на Бали со вклучен авион, аеродромски такси, сместување, трансфери и водич.
Следете го нивниот профил за повеќе информации!