Охридска банка Сосиете Женерал ја продолжува промоцијата на своите производи со дополнителни поволности за своите клиенти

Почнувајќи од 15 Септември, Охридска банка АД Скопје воведува дополнителни промотивни услови на своите производи. Имено, станбениот кредит, кеш кредитот, како и хипотекарниот кредит кој ги нуди банката, сè до 31 Декември 2019 година, клиентите може да ги добијат со унапредени промотивни услови кои им овозможуваат олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот и хипотекарниот кредит.

ohridska-banka-sosiete-zheneral-ja-prodolzhuva-promocijata-na-svoite-proizvodi-so-dopolnitelni-povolnosti-za-svoite-klienti-01.jpg

Промотивно, до 31 декември 2019 г., станбениот кредит „5+“ ќе биде достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

ohridska-banka-sosiete-zheneral-ja-prodolzhuva-promocijata-na-svoite-proizvodi-so-dopolnitelni-povolnosti-za-svoite-klienti-02.jpg

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административните трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2019 година, каматната стапка започнува од 5,1%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. Така на пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 95 месеци со моделот (1+7), во првите дванаесет месеци каматната стапка изнесува 5,1%, а следствено на тоа ратата изнесува 7.937 денари, а од тринаесеттиот до девеесет и петиот месец, ратата од кредитот изнесува 8.653 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

ohridska-banka-sosiete-zheneral-ja-prodolzhuva-promocijata-na-svoite-proizvodi-so-dopolnitelni-povolnosti-za-svoite-klienti-03.jpg

Кеш хипотекарниот кредит од Охридска банка ви овозможува да ги спакувате сите свои обврски и рати во еден кредит во вкупен износ до 50.000 евра со рок на отплата до 20 години и да плаќате една месечна рата со поволни услови. До крајот на годината овој кредит на клиентите ќе им биде достапен со фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години и без административен трошок за кредити со вклучено кредитно жвотно осигурување.

ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ ОРЦЕ НИКОЛОВ 54 1000 СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. www.ohridskabanka.mk РЕШЕНИЕ НА ГУВЕРНЕРОТ НА НБРМ: БР. 15810 ОД 30.04.2013 Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на своите клиенти да аплицираат онлајн за било кој производ за кој се заинтересирани. Во своето портфолио Банката постојано воведува нови можности и унапредени услови за своите произоди со цел создавање на конкурентна понуда која ќе биде едноставна, лесно достапна и прилагодена на потребите на клиентите. Водејќи се од начелата за иновативност, посветеност и одговорност, Банката секоја година во континуитет е препознаена како најдобра банка во Македонија од значајни меѓународни банкарски авторитети.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на новата веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg